17 август 2015 лето Господово
Во составот на социјално-добротворната и духовно-просветната акција на брод-црквата се наоѓаат и свештенослужители, лекари, мисионери, социјални работници. Пловидбата која започна на 15 август ќе трае до крајот на овој месец.
Пред тргнувањето на бродот, на пристаништето беше отслужен молебен за патниците. На патувањето мисионерите ги придружува и Митрополитот Новосибирски и Бердски Тихон, како и гувернерот на Новосибирската област В. Ф. Городецки.
Бродот-црква секојдневно ќе патува во оддалечените населени пунктови на Новосибирската област, каде што нема пристапни патишта за воз или автобус. Владиката ги благослови учесниците во акцијата, посакувајќи им радост и утеха во претстојното дело. „Оваа благородна акција го исполнува нашиот народ со чувство на сострадалност и взаемна помош“, рече Митрополит Тихон.
Брод-црквата која плови речиси 20 години, е организирана со заеднички напор на Новосибирската епархија и властите на Новосибирската област. Значењето на мисијата го истакна гувернерот Владимир Городецки: „Жителите на руралните територии имаат особена потреба од средба со свештеници“, истакна тој.
Извор: Православие.ру
Преземено од. Бигорски манастир