Атонски монаси во посета на Сирија

29 декември 2015 лето Господово

Делегација на атонски монаси пристигна во Сирија. Светогорците пристигнаа за да го поддржат „сирискиот народ кој е подложен на искушенија“.

Монаси од манастирот Симонопетра присуствуваа на празничните настани планирани за поставувањето на 22 метри долгата Божикна елка во градот Сафит, областа Тартус. Дрвото е поставено во дворот на православниот храм посветен на Пресвета Богородица. Во интервју со сириските медиуми, раководителот на Атонската делегација, игуменот на Симонопетра Архимандрит Елисеј изјави: „Ние дојдовме во Сирија да ја донесеме благата вест на надеж и радост за сирискиот народ. Ние многу страдаме, поради страшните трагедии коишто им се случија на Сиријците. Се молиме на Бога за надминување на несправедливоста и тагата што го снајде сирискиот народ“.

Игуменот Елисеј изјави дека Грција, како член на Европската Унија, треба да стреми кон тоа да им се овозможи на Сиријците да живеат достојно и без надворешно мешање.

Извор: Агион Орос

Преземено од : Бигорски манастир