e5853c26d2ec682c899a9ae1a08361f9.jpg

Неочекуван пронајдок во храмот на „Рождеството Христово“ Витлеем

03 јуни 2016 лето Господово

Реставраторските активности во значително оштетената црква „Рождество Христово“ Витлеем, доведе до неочекуван пронајдок: Силвија Стариниери внимателно поминувала со термографска камера по рамните премачкани ѕидови на црквата „Рождество Христово“, кога наеднаш забележала необична форма: таа и колегите внимателни ја го отстраниле површинскиот слој и одоздола се покажал лик. Кога екипата ги забележала првите златни плочки од ореолот, сите присутни силно се израдувале. Под слојот имало фигура на ангел, висока скоро 2, 5 м. Тој бил дел од композиција со шест други ангели, што можат да ги видат поклониците во овој, меѓу најстарите од историјата на Христијанството, храм во Витлеем.

Седмиот ангел, всушност бил неочекувана награда за тешките долгогодишни напори да се спаси базиликата, којашто е стара скоро 1700 години. Недостатокот на грижа ги сокрила бесценетите мозаици на Црквата под слоеви на прашина и саѓи. Но мозаиците се толку блескави, што тешко е да поверуваме дека биле создадени пред скоро 1000 години. „Тука треба да се ангажираат најдобрите специјалисти“, изјави Џјамарко Пјаченти, извршен директор на реставраторската компанија Пјаченти. Овие специјалисти откриваат нов поглед кон мајсторот творец на мозаиците и неговата врска со свештеното искуство во другите места на Светата Земја.

Извор: Двери

Преземено од: Бигорски манастир