244091.b.jpg

Се упокои игуменот на Атонскиот манастир Св. Пантелејмон

05 август 2016 лето Господово

На 4 август 2016 година, денот кога се празнува Почаевската икона на Божјата Мајка, во својата 101 година од животот се претстави пред Господа игуменот на Рускиот Атонски манастир Св. Пантелејмон, схиархимандрит Еремиј (Алехин).

Игуменот се упокои во 14 часот по атонско време, со бистар ум, спокојно и без болки. Веднаш по упокојувањето беше отслужена заедничка Панихида во присуство на целото братство и  започна постојано читање на Евангелие, кое продолжи без прекин до самиот погреб.

Погребот е предвиден за денес, по завршувањето на Заупокоената Божествена Литургија.

Во овој наш суетен век, подвигот на служење на о. Еремиј е еден редок, но светол пример на духовното старчество, наследено преку духовното преемство од Св. Новомаченици, исповедници на верата и старци на минатиот век, од кои баќушката го прими живиот опит и традицијата на атонското подвижништво и внатрешното делување.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир