04 / 17 октомври 2016 лето Господово

Во Аргентина, Јужна Америка, ќе биде отворен првиот руски манастир, лоциран на земјиште кое е подарок од свештеникот Вартоломеј (Обедо).

Ваквата иницијатива е резултат на тоа што неколку парохјани имаат желба да се посветат на монашки живот.  Во последно време забележан е пораст на интересот за православната вера во Аргентина, па во руските храмови низ земјата доаѓаат сѐ повеќе и повеќе верни души.

 Оваа година Аргентинската епархија на Руската Православна Црква одбележува 70 години постоење, а е основана од руски емигранти.

Извор: Седмица.ру

Бигорски манастир