28 јули/10 август 2017 лето Господово    

Извор: The Orthodox Church info

Според извештаи од свештенството на црквата Св. Пантелејмон во Грција, 47 милји западно од Солун, иконата на Св. Пантелејмон започна да пролева солзи. Солзите се појавија на иконата вечерта спроти прославата на споменот на овој голем маченик и исцелител. Солзите течат од обете очи што може да се види на бројните фотографии од поклониците.

Ова не е прв случај со иконата на Св. Пантелејмон, минатата година таков случај на мироточење имаше и во Русија. Инаку, черепот на Св. Пантелејмон се чува во истоимениот манастир на Света Гора.

Преземено од: Бигорски манастир