ЧУДОТВОРНАТА ИКОНА НА БОГОРОДИЦА ПОЧАЕВСКА


Почаевската икона на Божјата Мајка е едена од најпочитуваните светињи на Руската Црква. Таа е позната и почитувана во целиот словенски свет. Во Почаевската Лавра, древна тврдина на Православието, чудотворната икона престојува околу 400 години.
Историјата на појавата на иконата е следната: на планината, каде што сега е Успенската Почаевска Лавра, во 1340 година двајца монаси се населиле да се подвизуваат овде. Откако еден од нив заврши со молитвата, тој отишол до врвот на планината, и кога видел Блажената Дева, која стоела на карпа како во оган. Тој го повикал другиот монах и тој да се удостои да го види чудесното видние. Имало и трет сведок на видението - овчарот Јован Босиот. Тој штом видел некоја светлина на планината - се искачил на неа и заедно со монасите почнал да Го слават Бога и Неговата Пречиста Мајка.

По исчезнувањето на ова видение, на каменот, каде што стоела Богородица, имало белег од десното стапало. Ова отпечаток е зачуван до денешен ден. Тој е секогаш исполнет со вода, на чудесен начин извира од каменот. И никогаш не однемува вода колку и да има поклоници кои земаат од водата и ја употребуваат за лекување.
Чудата кои произлегуваат од светата икона, се наоѓаат во манастирската книга, запишани од верните кои измолиле исцеленија од неизлечиви болести, ослободување на опседнатите и вразумување на грешните.
Меѓу големите чуда, кои се случиле од оваа светиња, особено зачудувачки прекрасно ослободување на Светата обител од нападите на Агарјаните. Во ноќта на 5 август, 1675 година на турско-татарски војска по број од педесет илјади, предводена од хан Нуредеин. Војската била бројна , а помош немало од никаде. Монасите се обратиле кон Небесната Царица.. Со солзи тие почнале да пеат пред Неа акатист пред чудотворната икона. Во тоа време, облаците одеднаш се разделиле и над манастирот во небото се појавила Пресвета Богородица во сјајна светлина што ја опкружуваа ангели,а право пред Пресветата Дева клечел Праведен Јов и молел за својот народ.


Турците и Татарите го виделе сето тоа и ѕверски разјарени ги насочиле своите стрели кон Небесното видение и стрелале, но, стрелите се вратиле кон нив и така била спасена Светата Почаевска обител.
Денес е голем празник: Ден на принесување на Светата земја чудотворната икона, која стана штит и симбол на надеж за милиони луѓе. Овој ден се слави моќта на Царицата Небесна, која таа ја покажа на целиот човечки род, преку чудотворната икона. И денес многу луѓе зборуваат за чудата кои ги направила Богородица во нивните животи после молитвите Пред чудотворната икона и на отпечатокот на стапалото на Богородица. Ние Ја величаме Небесната Застапничка, која ги слуша нашите молитви и одговара на нив.Во тие одговори се содржи основата на нашата верба во фактот дека Таа посредува за нас пред престолот на Нејзиниот Син и се моли за целиот човечки род.

Извор: ФБ провил на Тимотеј Соколов Македонски

Почaевска икона на Богородица (23.07/ 05.08)
***

 


ТРОПАР НА ИКОНАТА НА БОГОРОДИЦА, ГЛ. 5:

Оние кои се молат пред светата икона Твоја Владичице, се удостојуваат со исцеленија, стекнуваат познавање на вистинската вера и се ослободуваат од непријателски напади. Затоа и нам кои Ти припаѓаме, побарај ни простување на гревовите, со Божествени помисли просветли ги срцата наши и вознеси ја кон Синот Твој молитвата за спасение на душите наши.

 

КОНДАК НА ИКОНАТА ПОЧАЕВСКА, ГЛАС 1:

Како извор на исцеление и утврдување на верата Православна, се покажа Твојата Почаевска икона, Пресвета Богородице.
Затоа и нас кои кон неа притекнуваме, избави нé од зла и искушенија, и манастирот Твој сочувај го неоштетен,
Православие на сите страни утврди и разреши ги од гревови оние кои Те молат: зашто Ти можеш
сé што ќе посакаш.

 

 

 

5-ти август 2018 Лето Господово