Празник на Тихфинската икона

Според преданието, оваа икона на Пресвета Богородица е една од оние коишто биле напишани од светиот апостол и Евангелист Лука. Во 5 век од Ерусалим беше пренесена во Цариград каде што за неа беше изграден Влахеринскиот храм.
Во 1383 година, седумдесет години пред падот на Цариград, таа исчезнала од храмот и во силна светлина се појавила во воздухот над Ладошкото езеро, во близина на градот Тихвин, во северна Русија. На местото каде што се спушти беше устроена црква и обител. А според градот Тихвин се нарече Тихвинска. Безбројни чуда се случија од оваа чудотворна икона, особено исцеленија на мнозина болни.
https://denovi.mk/juli/09-071.html