„ЉУБОВНИЦИ ВО ПАНДЕМИЈА“
“PANDEMIC LOWERS“
ИЗЛОЖБА НА ЈАНА МАНЕВА – ЧУПОСКА
ВО НАЦИОНАЛНИОТ МУЗЕЈ ЗА УМЕТНОСТ ВО ХЕРСОН - УКРАИНА

Почитувани медиуми,
Во прилог ви испраќам информација за изложба на цртежи и колажи на Јана Манева - Чупоска во Националниот Музеј за Уметност во Херсон - Украина.
Изложбата се состои од четириесет дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника: Молив, Јаглен, Акрил и Темпера.
Авторката е инспирирана од актуелната состојба со пандемијата Корона која во негативен правец целосно го промени начинот на животот кај луѓето.
Насловот има алегорична конотација кој алудира на надеж и потреба за враќање на животот во нормален правец.
Преку фигуративните композициски ликовни претстави, ликовната уметница Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во Корона кризата. Таа љубовта ја нагласува како ликовен симбол кој во овие дела дава надеж дека сепак љубовта ќе го спаси човештвото.
Изложбата е под кураторство на проф. Елена Чепелук професорка на Факултетот за Уметност и Дизајн во Керсон.
Изложбата освен во Националниот Музеј беше претставена и во галеријата на Факултетот за Уметност и Дизајн во Херсон-Украина.
Изложбата „Љубовници во Пандемија“ е финансирана од Министерството за Култура на Р. Македонија како Национален проект од ликовната област за 2020 година.
Во прилог го имате и линкот од веб страната на Музејот за Уметност во Херсон – Украина.

Однапред благодарна,
Јана Манева – Чупоска
Тел: 078 482 018
http://artmuseum.ks.ua/news/pandemic-lowers.html