На 13.10.2021 во 20ч во Биоскоп Балкан во Белград, во рамките на 67-то издание на IRC - International Rostrum of Composers, на концертот на ансамблот Метаморфозис ќе се изведе композицијата „даМар“ за соло виола и гудачки оркестар од македонската композиторка Дарија Андовска.

Дарија Андовска е најавена како драг гостин од Македонија во програмата со реномирани современи српски композитори како Бранка Поповиќ, Александра Вребалов, Наташа Богојевиќ, Иван Марковиќ и Драгана Јовановиќ.

Ансамблот Метамофорзис и нивниот уметнички раководител Саша Мирковиќ се едни од водечките промотори на современа музика во Србија и на Балканот.

Интернационалниот Рострум на Композитори веќе седма деценија е најважната платформа за размена на современа музика преку радио-емитување. Исто така е голема можност за професионалниот развој и размена на искуства помеѓу радио-продуценти и презентери.

Повеќе од 35 национални радио-станици од целиот свет учествуваат со над 100 дела кои не се постари од 5 години. Во последните 2 години делата на композиторите биле емитувани над 2000 пати на учесничките радио-станици низ целиот свет.
Македонија не учествува во овој настан преку соработка со сопствена радио станица, но сепак на овој голем настан од светски ранг ќе прозвучи музика и од македонски автор токму преку Дарија Андовска, а благодарение на ансамблот Метаморфозис и Саша Мирковиќ, на кои е посветена композицијата „даМар“ и кои ја дадоа нејзината праизведба/светската премиера во Белград во јули оваа година.

Дарија Андовска е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и уметнички раководител на фестивалот Денови на македонска музика, еден од најактивните и најизведувани македонски композитори.


--
-----------------------
Prof. Darija Andovska, MA
University Ss. Cyril and Methodius, Faculty of Music - Skopje,
Theory and Composition Department,
Artistic director of DMM festival

mob: +38975478535
         +38977735711