19. ИЗДАНИЕ НА „ЗИМСКИ САЛОН“


Традиционално, Националната галерија е домаќин, а Чифте амам е местото каде ќе биде поставено и изложено 19. Издание на „Зимскиот Салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Отворањето на оваа традиционална манифестација е закажано за 9 февруари 2022 г (среда), со почеток во 20ч. Сите мерки и протоколи за заштита на јавното здравје сеуште се активни.

Селектор на годинешниот „Зимски Салон“ е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема гласи „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконстуирање“.

На изложбата ќе бидат претставени дела на 41 македонски автор. Од страна на кураторот и селектор на изложбата „Зимски салон“ поканети се 5 автори гости од Романија: Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукалариа Деметреску и Река Цсапо Дуп.

Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари 2022 год.

Национална галерија на Република Северна Македонија