Словенечки Центар - Скопје, по повод словенечкиот културен празник - Прешернов ден, Ве поканува на проекција на два документарни  филма посветени на животот и делото на Алојз Стибел (1945 -2021) .

-          Документарен филм: „Ништо не è случајно!“, во продукција на Словенечки центар – Скопје и Алојз фонтани галерија Стибел, снимен 2022 година, сценарио: Анита Ивковиќ, режија Габриел Стибел и Јосип Стибел, превод Марија Стојковска и Сашо Стојковски.

-          Документарен филм: „Камен“,  во продукција на Македонската радио телевизија - МРТ, снимен 2000 година, сценарио и реализација: Иван Ашиковски.

Проекцијата ќе се оддржи на 26 февруари со почеток во 19,00 ч. во Кинотека на С. Македонија.

Настанот е во оганизација на Словенечкиот Центар - Скопје, Кинотека на С. Македонија, фамилијата Стибел, во соработка со МРТ – Македонска радио телевизија и со подршка на Бирото на Владата на Р.Словенија за Словенците во соедството и по светот.

Настанот ќе се организира и реализира со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид 19.
Според протоколите за заштита од Ковид 19, капацитетот на кино салата ќе биде 50%.
-------------------------------

Алојзиј (Алојз) Стибел, (9.11.1945 – 21.11.2021), роден е и до крајот на својот живот, живее во Скопје.

Со иноваторство се занимава уште од раната младост. Во средина на 70-те години се обидува да направи технички пронајдоци кои ќе ја олеснат работата во тогашниот Југопетрол. Успева да изработи „Пиштол„ за полнење плин за кој добива првата награда на саемот Макинова, кој и денес се употребува во Македонија и Полска. На саемот Макинова ја добива првата награда за иноваторство за тогашно најусовршена форма на приближно перпетуум-мобиле. Еден е од основачите е на претпријатието Теас - Темко, каде што изработил иновативни антени кои биле од големо значење за воспоставување на радио комуникациите на ниво на цела тогашна Југославија.

Во 1991 год. ја формира првата специјализирана фирма за изработка на фонтани “Алојз Фонтани”. Изработуваше уникатно креирaни фонтани, во кои ја внесуваше дивата природа во урбаната средина. Од 1999 почнува да ги изработува минијатурните ентериерни фонтани кои исто така потсетуваат на огромни планински масиви со водопади.

Има добиено повеќе награди, a една од позначајните е наградата за најприроден производ на Саемот за куќа и куќни потреби во Минхен, Германија. Прво место и наградата Златен мост ја добива за најубаво уреден штанд на Саемот за Мебел во Скопје  - за штандот на Југоекспорт. Прва награда за најубаво уреден штанд на Усје на Саемот за Градежништво. Прва награда на Саемот Инфоком за најубаво уреден штанд на Неоком, прва награда на Скопскиот саем за штандот на Микеи фортенд, лично врачена од претседателот на Македонија Киро Глигоров. Прва награда на саемот на ЗЕЛС за најубаво уреден штанд на Општина Ѓорче Петров, лично врачена од претседателот на Македонија Бранко Црвенковски. Прва награда за најубаво уреден штанд на Саемот за Автомобили за штандот на Тојота.

Во 2000 година Македонската телевизија во чест на Алојз Стибел го снима документарниот филм  Камен, кој сателитски е емитуван ширум светот.
Во 2006 година, во Културно Информативниот Центар, е одржана првата изложба на Алојз Фонтани каде беа претставени повеќе минијатурни фонтани.


Во прилог Ви ја доставуваме согласноста од МРТ - за проекција на документарниот филм "Камен", во продукција на МРТ, во Кинотека на С. Македонија, во чест на словенечкиот културен празник - Прешернов ден.

Сашо Стојковски
Претседател
Словенечки центар - Скопје
ул. "Васко Карангелевски" 25/49,
Скопје 1000,
Тел. +389-76-981-076
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
https://www.facebook.com/slovenecki.centarskopje