Филозофски Филмски Фестивал / Philosophical Film Festival

Ви посакуваме убав и одморен викенд и со нетрпение ве очекуваме во нашата и ваша Кинотека за Главната програма на Фестивалот од 1-9 јуни, и заедничко уживање во филмската уметност и филм-философските дружби до доцните часови во ноќта. Класични филмови, со свежи исчитувања и перспективи од нашите гости, премиерно прикажување во Македонија на филмовите од Официјалната селекција на долгометражни филмови - филмови коишто изминативе две години беа дел од селекциите на Кан, Венеција, Фестивалот „Црни ноќи“ во Талин, 16 кратки филмови во вечерите на кратки филмови кои ќе се борат за „Златниот був“ за 2022, музички перформанс на Бранко Foltin (1/6), музички настан со Андрија Хаџиќ (Funkier) (8/6) во кафе бар Мартини, презентација на естетичко истражување на Internacionalen Univerzitet Europa PRIMA, промоција на Зборникот од минатогодишната конференција „Филозофија и филм“, средба со Јонас Керуп Хјорт по проекцијата на ПРЕТПОСЛЕДНИОТ - филм со елементи на драма на апсурдот кој се наоѓа на линијата меѓу делата на Франц Кафка и Луис Керол, и првиот ФФФ дијалог меѓу турската режисерка Пелин Есмер и проф. д-р Сердар Озтурк, коишто ќе допатуваат на 12. Филозофски филмски фестивал од Турција.
Со нетрпение ве очекуваме!