Драги пријатели

Ми претставува особена радост да ве поканам на претстојното отворање на изложбата „Човек се троши неусетно“ во галерија „Метаноја“.  Настанот е во петок 09 септември 2022 година од 18:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

Сликите се циклус на автопортрети на Попов

Издвојувам и дел од мојата рецензија.

„Со оваа збирка автопортрети и песни Тони Попов решил да престане да бега и да се фати во костец со сопствената кршливост. Резултатот е безброј скршени парчиња, но и храбро градење мозаик од нив. Тони е безобѕирно суров и треперливо сочувствителен со феноменот човек. Не сака да скрие ништо од грдото, од тешкото, од очајното и не сака да се откаже од убавото, од возвишеното, од надежното. Добредојдовте во магичниот реализам на Тони Попов. Тони знае дека има магија и на сите ни е потребно нејзино разбивање. Исто така, Тони знае дека има уште подлабока магија и на сите ни треба нејзиниот алхемиски лек.“

Добредојдени сте во петок на 09 април во 18:00 часот. Изложбата ќе биде отворена следните неколку недели.

Поздрав,  
Коста