Girevski.Promocija

СООПШТЕНИЕ

         Во Неделата на Православието, како што е наречена првата недела од Велигденскиот пост, кога всушност се празнува Величината на нашето Свето Православие, излезе од печат тротомното издание на книгата „Плодови на духот“ од ставрофорниот протопрезвитер, проф. д-р Ацо Александар Гиревски.
Станува збор за очекуваното негово животно дело за кое се заинтересира Републичката комисија за односи со верските заедници и религиозни групи и Комисијата ќе биде промотор на изданието од д-р Гиревски.


           Промоцијата веќе е закажана во НУ „Музеј за македонската борба за самостојност“ на 13.03.2025 година со почеток во 12 часот.
         Промотори на изданието на професорот д-р Гиревски ќе бидат Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Академик Катица Ќулавкова.

 

Girevski.Promocija1

 

pp