
Воведенски Храм Населба Рача
СООПШТЕНИЕ
Со благослов на неговото високопреосвештенство, Митрополитот Г. Георгиј, храмот во населба Рача започнува со благородна и духовно возвишена задача – фрескоживописување.
Во согласност со светите канони и свештеното предание на Православната Црква, подготвена е богата и внимателно осмислена програма за живопис, обликувана во духот на старо-македонскиот византиски стил, кој со векови го красел православниот храмовен живот на нашите свети простори. Таквиот стил, изграден врз духовната и уметничка традиција на Македонија, претставува продолжение на истото оној благороден израз што ги краси иконите и фреските во древните манастири и цркви низ целата наша татковина.
Светото дело на живописувањето е дело на вера, љубов и заедништво. Како што нè учи Писмото:
„Секој нека принесува според расположението на своето срце, не со жалост или по принуда, зашто Бог го љуби доброволниот дарител“ (2 Кор. 9, 7).
Затоа се замолуваат сите верни, кои се во можност, со својата материјална или друга поддршка да се приклучат кон ова капително и благословено дело, за неговата реализација да се доврши што поскоро – на слава Божја и на духовна полза на целиот верен народ.
Нека Господ ги умножи вашите добри дела и нека го благослови овој труд за спасение и духовен подем.
Со почит,
Црковен одбор – с. Велестово
25.11.2025 лето Господово