Ве информираме дека на 30 мај 2014 г., во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржи манифестацијата „Денови на Бугарската академија на науките во МАНУ“. Делегацијата на БАН ја сочинуваат: акад. Стефан Воденичаров претседател, акад. Дамјан Дамјанов – заменик претседател, чл. кор. Николај Милошев – заменик претседател, чл. кор. Светланка Кујумџиева – советник на претседателот, проф. Стефан Хаџитодоров - советник на претседателот, доц. Ружа Симеонова – директор на Научниот архив и г-дин Никола Жаблјанов – советник за меѓународна соработка.
Во рамките на манифестацијата ќе се одржи предавање на тема: „145 години од основањето на Бугарската академија на науките“, а потоа ќе биде отворена изложбата „ Бугарската академија на науките – минато и сегашност“.
Во 12:15 часот акад. Владо Камбовски, претседател на МАНУ и акад. Стефан Воденичаров, претседател на БАН, ќе дадат изјави за медиумите.