Goran.Pro9.jpg


Почитувани,

Luminary Productions  има чест да Ве покани на промоција на музичкиот спот “Can’t Get It”  на Дуке Бојаџиев & TK Wonder којашто ќе се одржи на 26.06.09(петок) во летната дискотека “Хард Рок” (бившо Мини-Голф игралисхте во Луна парк) со почеток во 22 часот.

Спотот е сниман во Њу Јорк во текот на три априлски дена, на локации во Менхетен и Бруклин, како и во едно филмско студио во Бронкс. Сценариото и режијата се на Дарко Митревски, во соработка со следниот авторско-продуцентски тим: Ана Јорданова (продуцент), Дуке Бојаџиев (копродуцент), Иван Абел (директор на фотографија), Кевин Хоопер (снимател), Blair Doroshwlther (сценограф), Cynthia О'Rourke (стилист) и Алекс Флорез (продукциски менадзер). Постпродукцијата на спотот бесе изврсена во скопското студио “Вертиго” под супервизија на Јовица Пановски.

Спотот е финансиран и продуциран од страна на Luminary Productions, со делумна подрска на македонското Министерство за култура. Ова е прв од серијата музички видео проекти коишто Luminary Productions планира да ги реализира во УСА до крајот на оваа година.

По македонската промоција “Can’t Get It”   ке биде прикажан и на десетина фестивали, а во план е и негово емитување на американските музички ТВ канали.

Срдечен поздрав,

Ана Јорданова, Продуцент

LUMINARY Production
ул.487 бр.9Г
Скопје, Македонија
email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

тел:+38972443101