Драган Даутовски ќе го пренесе звучниот код на вечноста


На Илинден повеќе од 100 уметници ќе ја пренесат пораката за мир и толеранција која македонскиот мултиинструменталист Даутовски ја упатува до светот


Во автентичниот амбиент на Антички театар во Охрид, на 2 август, Илинден (22 часот), македонската публика, ќе има единствена можност да го проследи спектакуларниот перформанс на македонскиот мултиинструменталист проф. м-р. Драган Даутовски. Тој пред присутните ќе го промовира проектот Клуч", кој е замислен како музички спектакл. Повеќе од 100 уметници ќе ја пренесат пораката за мир и толеранција која Даутовски со проектот Клучч ја упатува до светот во обид да се стигне до звучниот код на вечностаа и да ја пренесе - новата македонска приказна.
--Клучч претставува историски времеплов искажан низ низа автентични, специјално изработени инструменти. Присутните ќе можат да проследат музицирање на инструменти од стакло.

Изработени да ја покажат уметноста, ќе бидат користени и древните инструменти за да се создадат безвременски и безпросторни звуци кои пленат и освојуваат насекаде во светот. Темелите на проектот се трајните високоуметнички вредности на културното наследство на Р.Македонија, изградени врз принципите на добродушноста и мирољубивоста на еден народ. Тој во својата национална генеза трајно ги впишал основните начела на човештвото дарени од Бога - љубов, слобода, мир и надеж, изразени преку најстариот јазик во меѓусебната комуникација - музиката, велат организаторите.

Инаку, ова претставува светската премиера на "Клуч", а настапот на Даутовски во единствениот антички театар од хелинистичкиот период во Македонија, пред аудиториум од над 2000 посетители, ќе биде нешто повеќе од концерт. Клуч ќе биде технички реализиран и сниман со високо квалитетна аудио и видеоопрема, се со цел истиот да биде достапен во најпосакуваната форма - HD BLUE RAY DVD со DOLBY SOROUND. Проектот ќе биде достапен не само за присутните при изведбата, туку и за огромниот масмедиум низ светот. Цената на билетот е 500 денари за седење и 350 за стоење.

(Д.Т.)Вечер