Тропар и синаксар на преподобна Марија Египетска

Отпустителен тропар, глас 5.
Подобен: Собезначалное Слово:

Просветлена божествено од благодатта на Крстот, се пројави како светоносен блесок на покајанието, откако го отфрли помрачувањето од страстите, сечесна. Затоа и свештениот Зосима те виде како ангел во пустината, Марие преподобна мајко, со него помоли се за сите нас. (more…)

Паримии во Светиот и Велик петок

На први час

Пророчества Захариина чтение (Зах 11:10-13)

Така вели Господ: Ќе го земам стапот Свој добар и ќе го фрлам, за да го разорам заветот што го склучив со сите народи. И тој ќе биде разорен во оној ден, и тогаш ќе разберат Хананејците, овците кои се чуваат за Мене дека ова е слово од Господа. И ќе им речам: ако ви е угодно, дајте Ми ја платата Моја; или одречете се. И тие Ми одредија плата триесет сребреници. И Господ ми рече: стави ги во печката и испитај дали е вистинско (сребро), исто како што бев испитан од нив. И ги зедов триесетте сребреници и ги фрлив во домот Господен во печката, како што ми кажа Господ. (more…)

Паримии во Светиот и Велик Четврток

На први час

Пророчества Иеремиина чтение (Ер 11:18–23; 12:1–4, 9–11, 14–15)

Господи кажи ми, и ќе разберам; тогаш ги видов нивните потфати. Јас, пак, како незлобиво јагне, водено на клање, и не знаев дека тие смислуваат заговор против мене, велејќи: „дојдете да му ставиме дрво во неговиот леб, и да го истребиме од земјата на живите, така што ни името негово веќе да не се споменува”. Господе Саваоте, Кој судиш праведно, Кој ги испитуваш срцата и утробите, допушти да ја видам Твојата одмазда врз нив, бидејќи Тебе ти го открив моето оправдание! Заради тоа, така им вели Господ на мажите анатотски, кои ја бараат душата моја и кои велат: не пророкувај во името на Господа, за да не умреш од рацете наши. Заради тоа, така вели Господ на силите: „Јас ќе ги посетам, нивните младичи од меч ќе умрат, и синовите  нивни и  ќерките нивни ќе загинат од глад. И нема да остане остаток од нив, ќе им наносам зло на оние што живеат во Анатот, во годината на нивната посета“. (more…)

Канон во втората недела од Великиот пост

Канон од Триодот, глас 8.

Песна 1

Ирмос: Колесничарите на фараонот, некогаш, ги потопи чудотворејќи Мојсеевиот жезол, и со крстообразен удар го раздели морето. Израил, пак, пеш бегајќи се спаси, и песна на Бога воспеваше.

Ги примивме зборовите на блудниот син, па со топли солзи припаѓаме кон Тебе Отец на сите и Бог, велејќи: грешевме и од Тебе се оддалечивме, и на блудот му робувавме, но прими го нашето покајание.

Го пренебрегнав царското благородие, што си ми го дал, Слово, Кој стана човек заради мене. Сурово се осудив да им угодувам на свињите хранејќи се со гревот, но поштеди ме Спасителе со Твоето милосрдие.

На колена паѓам, како порано блудниот син, Владико Господи. Ти притекни ми и прими ме, со рацете прегрни ме и дај ми го Твоето спасение, наместо наемник, повторно син Твој направи ме Човекољупче.

Богородичен: Преку Тебе Богоизрадувана, човечката природа се удостои за богојавление, оти само ти си застапница меѓу Бога и луѓето. Затоа како Божја Родителка сите достојно те славиме. (more…)

Канон кон праведниот Јосиф Обручник

Глас 1, неговиот акростих е: „Те воспевам од десно на Христа стоиш. Јосиф“

Песна 1

Ирмос: Христос раждается:

Христов угоднику, блажени, служителу на Христа воплотениот, татко Христов почитуван; претстоејќи пред Него со смелост, испроси им мир и избавување од маките на оние што те фалат.

Послушнику на божествените зборови, служителу на преславните дела, обручнику на  Дева Богоотроковица, праведен во сѐ и вистински, си се јавил, Јосифе, и во населбите на праведните си се упокоил.

(more…)

Паримии во Светата и Велика Среда

На шести час

Пророчества Иезекиилева чтение (Езек 2:3-3:3)

Господ ми рече: „Сине човечки, Јас те праќам при домот Израилев, при непокорни луѓе, кои ме огорчија; тие и татковците нивни Ме отфрлија дури до денешниов ден. Тие се синови со огрубено лице и со жестоко срце. При нив те праќам и ти ќе им кажеш: „Така вели Адонаи Господ“. Ако послушаат или ќе се исплашат, бидејќи тие се дом отстапнички, ќе познаат дека ти се пророк среде нив. А ти, сине човечки, да не се исплашиш од нив, ни да се ужаснеш од нивните лица: зашто ќе се разбеснат и ќе те навредуваат од сите страни; меѓу скорпии живееш. Не бој се од зборовите нивни и не ужаснувај се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички. Кажувај им ги зборовите Мои – без разлика дали ќе послушаат или ќе се исплашат тие или не, бидејќи се дом бунтовнички. А ти, сине човечки, чуј Го Оној кој ти зборува: ,Не биди отстапник како тој отстапнички дом; отвори ја устата твоја и изеди го она што ќе ти го дадам.’”

(more…)

Паримии во Светиот и Велик Вторник

На шести час

Пророчества Иезекиилева чтение (Езек 1:21–28; 2:1)


Кога се движеа животните, се движеа и тркалата до нив; и кога животните се подигаа од земјата, се подигаа и тркалата. Каде што имаше облак, таму се движеше и духот. Се движеа и животните, и тркалата се подигаа со нив, бидејќи духот на животот беше во тркалата. Над главите од животните имаше нешто слично на свод, налик на кристал издигнат одозгора над нивните крилја. А под сводот се наоѓаа раширени крилјата нивни, свртени едно спроти друго, додека другите две им ги покриваа телата нивни. А кога летаа, слушав звук од крилјата нивни, нешто како звук од многу води, како звук од Бог Садаи; а кога одеа – како звук од војска, кога, пак, застануваа, ги спуштаа крилјата свои.

(more…)

Паримии во Светиот и Велик Понеделник

На шести час

Пророчества Иезекиилева чтение (Езек 1:1-20)

Во триесеттата година, четвртиот месец, петтиот ден од месецот, и јас бев меѓу прогонетите при реката Ховар, се отворија небесата – и видов Божји виденија. Во петтиот ден од месецот, а тоа е петтата година, откако беше заробен царот Јоаким, би слово Господово до свештеникот Језекиила, синот Вузиев, во земјата Халдејска при реката Ховар; и беше  врз мене раката Господова. И видов: ете, бурен ветар доаѓаше од север и голем облак во него, и светлина околу него и блештеше оган. И среде него нешто налик на килибар среде огнот, и светлина во него. Во средината негова, пак, видов призраци на четири животни – по обликот свој слични на човек. Секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив – по четири крилја. И нозете нивни беа прави и нивните стапала беа пернати, и имаше искри како од блескава бронза; крилјата, пак, нивни беа лесни. А под крилјата нивни имаа човечки раце – на сите четири страни.

(more…)

Молебен во време на погубна епидемија и смртоносна зараза

Ако е присутен свештеник, почнува свештенички, ако не, тогаш говориме:

По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе, помилуј нè!

Слава Ти, Боже наш, слава Ти.

Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си на секаде и сè исполнуваш, Ризницо на добрини и на живот Подателу, дојди, всели се во нас, очисти нè од секаква скверност и спаси ги, Благи, душите наши.

Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нè.  (трипати)

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вековите на вековите.

Пресвета Троице, помилуј нè: Господи, очисти ги гревовите наши; Владико прости ни ги беззаконијата наши; Свети, посети нè и исцели ги слабостите наши, заради името Твое.

Господи помилуј! (трипати)

Слава и сега:

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на Небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај нè во искушение, туку избави нè од лукавиот.

Господи помилуј! (12)

Слава и сега:

Дојдете, да Му се поклониме на Царот, нашиот Бог. Дојдете, да Му се поклониме и да припаднеме кон Христа, Царот, нашиот Бог. Дојдете, да Му се поклониме и да припаднеме кон Самиот Христос, Царот и Бог наш.

Псалм 37

Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме, зашто стрелите Твои се забија во мене, и Твојата рака тежи врз мене. За телото мое нема лек од Твојот гнев; во коските мои нема мир од гревовите мои; зашто беззаконијата ја надвишија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа. Смрдат и гнијат раните мои поради безумието мое. Настрадав и се стопив сосема, цел ден натажен одам; бидејќи одвнатре горам од оган, нема лек за телото мое. Озлобен сум и прекумерно понизен; рикав поради воздишките на срцето мое. Господи, пред Тебе се сите мои желби, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе. Срцето ми се возбуди, и ме напушти силата моја, и светлината на очите мои – и неа ја нема во мене. Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија; застанаа подалеку од мене, а оние што ја бараа душата моја, зборуваа лошо и без основа и секој ден кроеја сплетки; а јас, пак, како глув не слушав и сум како нем, кој не ја отвора устата своја; станав како човек, што не слуша и што во устата своја нема прекор, зашто на Тебе, Господи, се надевав; Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој. Оти си реков: да не се погордеат над мене моите непријатели; и кога ми се поколебаа нозете мои, тие изговорија лоши зборови над мене. Готов сум да паднам, и јадот мој секогаш е пред мене, Беззаконието свое го признавам и ќе се смирувам поради гревот мој. А непријателите мои живеат и сѐ посилни стануваат од мене, и се намножија оние што неправедно ме мразат, па враќајќи ми зло за добро, бидејќи бев за правда, тие ме отфрлија како мртовец. Не оставај ме, Господи, Боже мој, не отстапувај од мене; побрзај да ми помогнеш, Господи, Спасителе мој! (more…)

Молитва кон преп. Иларион, епископ Мегленски

svilarionmeglenskiO, утврдување на архиереите, Иларионе, слатко мое естество и име! Бидејќи имаш смелост пред Бога, погледни кон нас од висините, зашто сега, откако си се разрешил од огледалото и загатката, јасно ја гледаш Света Троица! Сочувај го нашето стадо неповредено од замките на противникот, огради нè со благодатта, што ти е дадена од Пастироначалникот- Спасителот Христос. Со камшикот на своите мудри зборови растерај ги волците на бесчестието и ересите, со ветерот на твојата благодат развеј ги нападите на противникот како плевел. Упатувај ја полнотата на Црквата, сочувствувај со нашите тешкотии. Знаеш колку е тешко бремето на претстојателството, ја познаваш одговорноста на архиерејството. Знаеш добро да нè раководиш и упатуваш, ако посакаш, и да нè насочуваш кон пристаништето на Божјата волја. (more…)