3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Вчера еден човек рече: “Секој е слободен да биде она што е”.
Пред илјада деветстотини шеесет и четири години, друг човек рече: „Сѐ ми е позволено” и ДОДАДЕ: “но не е сѐ полезно; сѐ ми е позволено, но не е сѐ за поука.“ (1. Кор. ‭10:23‬)


Навидум слично, но многу различно.
Едниот, овој денешниот човек, зборува само за слободата во изборот, а оној некогашниот и за слободната волја и за одговорноста. Не е смислата на слободата да бидеш, па не е важно што и како; не е во тоа да се оствари слободната волја како цел, самата по себе или заради себе; не е во изборот, туку во тоа да избере вистински.
Што ќе ми е слободата во волјата, а со тоа и во изборот, ако не ми е од полза? Зашто “каква полза е за човека, ако го придобие и целиот свет, а на душата своја напакости? (Мк. 8, 36)

 

Избор од фб профил на

Презвитер Бобан Митевски

 

27ми јуни 2021 лето Господово