Пишува: Јанко ИЛКОВСКИ


Janko1a.jpgМиризбата на тазе печени ѓевреци беше извонреден будилник, очите сами се отворија, миризбата делуваше волшебно во раните утрински часови. Во близина каде живеам има неколку пекари и секое утро, овој дел од градот е како рајска слика, ако ги затвориш очите и се препуштиш на сетилата. Но сево ова кратко трае додека не се појави годзилата на нашето време, автомобилот. Тие незграпни статусни симболи, наводните алатки на слободниот дух станаа наша зандана од која не знаеме како да се откачиме... додуша има начин - фрлете ја дозволата и нема да ви текне. Но да се препуштиш на јавниот превоз кај нас, па тоа е како да си се осудил на измачување и себе и блиските твои да бидат препуштени на негрижата и нехигиената на возила во кои и стока не се пушта, не па луѓе. Животот во центарот на градот е страшен, бучава, нечистотија, криминал, несигурност, па сепак, толку навикнати на близината на училиштата, достапноста на трговијата, здравството, те прави толку зависен без можност за реално оддалечување од калабалакот за да проживееш во некое убаво предградие кои пак и ги немаме. Но некако, рано сабајлечки се изгледа поинаку, поспани луѓе, звук на метење на дворот, понекој точак ваму-таму и понатаму без возила. Се делува толку соодветно човечки и сивилото на денот носи спокојност и смирува. Да не поентирам патетично се е убаво пар часови ...додека не дојдат возилата и тогаш општи хаос.

Станав во овој период од денот само заради една работа, да ги видам резултатите од изборите во САД. Зошто па мене ме загнаа толку? Мислам дека пола планета беше будна за да дочека да види кој ќе биде следниот најмоќен човек на планетата. Иако анкетите го најавуваа тоа, скоро никому не му се веруваше дека Обама воопшто, како афро-американец има било какви шанси да победи на изборите. Далечинско-клик-Обама. Толку. Понатаму нема што да се гледа и слуша. Со противник како Буш и јас имав шанси да станам д некст уан. Но Обама ќе биде историја само заради бојата на својата кожа. Ништо да не направи, со години ќе трае катарзата на она што го претставува тој. Јас пак велам, ако успее во својот мандат да нема ниедна воена интервенција (колку што знам 50 години наназад секој претседател имал по некоја воена интервенција) ќе биде доволно чудо. Но најавите се добри дека нема да има.

Ова би требало да значи крај на војната против тероризмот?! Самиот Обама рече дека ќе преговара со сите тие терористи за да постигне мир. Пропаднаа пола холивудски филмови, но ако ова се оствари и се сврти целата работа на зелена маса, ќе биде чудо по себе (рамковен во Ирак?). Но кога ќе видам дека кикирики бој алијас Клинтон Бил, кој се отепа од давање поддршка на својот сопартиец, ќе го паметиме како прв американски претседател кој бомбардираше европска земја, ме фаќа блчага језа. Се надеваме дека нема да се повтори, не спрема тврдоглави земји како Македонија која и покрај внатрешниот притисок на дел од партиите, целата меѓународна заедница одбива да си го смени идентитетот и името. Процес силно поддржан од левицата и нво кои се приклонија кон она што светот реши да и го направи на оваа земја и нејзините граѓани. Нема нато, нема ЕУ, казни и закани, изживување врз овој народ до неслутени перверзии без преседан во меѓународното право. Па сепак, чувствувајќи ја неправдата, како олицетворение на Свети Максим Исповедник, останува стоички на ставот на вистината и правдата, оти оваа земја не е подготвена да си го смени ни името ни јазикот ни нацијата, не, по никоја цена. Молбите да ја свиткаме кичмата за наше добро не помогнаа, па се нафрлија на веронауката да се укине. Дали заради ова сега Македонија ќе страда и колку, од страна на тарабата на која се потпревме - Америка, допрва ќе видиме. За жал, лично наш најголем созјуник беше најлошиот претседател на САД Џорџ Буш, кој и покрај се, во својата Аланфордовска елоквенција беше и остана најголем поддржувач на Македонија. Не е лошо сега да го поканиме на гости, прошетаме по Охрид, му подариме некоја икона и крстиме некое школо по негово име. Ќе ни треба нам такво нешто, сега кога наци-политичарите од југот со фашизоидната стратегија ќе почнат да не мелат во машина за живо месо во намера да не преубедат, заедно со новите власти на САД, дека новото време бара жртви, а ете, ждрепката не избрала нас. За жал, во агендата на новиот поредок кој доаѓа, геј популацијата ќе биде далеку поважна одошто судбината на една цела нација.

Но христијани сме, навикнати сме и на лавови да не фрлаат.

Извор: Вечер

Посети:{moshits}