Donacija.Sava.Osigur.jpg

Донација од Сава осигурување за Црвен крст на град Скопје


Како дел од стратегијата за општествено одговорно однесување и вредностите кои групацијата САВА РЕ ги негува, македонската членка на оваа групација - Сава осигурување АД Скопје, своето внимание го насочува кон ранливото население, односно оние кои се на маргините на општеството и на кои им е потребна помош.

Donacija.Sava.Osigur1.jpg
Оваа година, Сава осигурување и Црвениот крст на град Скопје, заеднички ќе го одбележат корпоративниот ден на групацијата Сава Ре под мотото „Мислиме на бездомните“. По тој повод, Сава осигурување на Црвениот крст на град Скопје му доделува донација за Пунктот за бездомници во Момин поток во висина од 150.000 денари за набавка на неопходни лекарства, како и машина за сушење на облека, фен, микробранова печка. Вработените во компанијата учествуваат со донација во облека, обувки и храна.
Имено, Црвен крст на град Скопје го изгради и го одржува Пунктот за бездомници кој е еден и единствен во давањето бесплатни услуги на сите бездомни лица од градот. Еднаш неделно се обезбедуваат хигиенски,  фризерски/берберски услуги, помош од социјален работник, општ лекар и психолог, основна медицинска терапија и еден оброк. За оние бездомници чиј живот е загрозен, обезбеден е привремен престој во прифатилиштето на Пунктот. Во неговата изградба, со своја помош, учествуваше и Сава осигурување, а оваа донација е само продолжување на поддршката за Пунктот.
„Мисијата на групацијата Сава Ре е да го поддржува животот преку одговорен однос кон околината во која живееме и работиме. Ние, вработените во Сава осигурување веруваме дека можеме да им го олесниме секојдневието на бездомниците и да им се приклучиме на сите волонтери и добри луѓе кои, секојдневно и без никаков надомест, помагаат каде што е потребно.  Веруваме дека треба да правиме добро заради доброто.“ – истакнува Извршниот директор Петер Скварча.
Донацијата е предадена во среда, 27.03.2013, а претставници на компанијата ќе го посетат и Пунктот за директно да се запознаат со условите и начинот на живот на бездомниците.
Сава Осигурување е една од водечките осигурителни компании во нашата држава, стратешки партнер со најголемата реосигурителна компанија во Словенија - Сава Ре. Компанијата има искуство од безмалку 20 години, 35 подружници, развиена продажна мрежа од брокери и агенти низ целата територија на Република Македонија.