Фејсбук слави 10 години

Популарната интернет-страница имаше огромно влијание и врз другите социјални мрежи како Твитер, Инстаграм и Снапчет
Најголемото име во светот на социјалното поврзување - Фејсбук во вторник слави 10 години од појавувањето во кибернетскиот простор. Оваа интернет платформа која почна од студентски домови, денес има 1,23 милијарди корисници.

Основачот и извршниот директор на Фејсбук, Марк Зукенберг преку соопштение на Фејсбук изјави дека се надева оти следните 10 години ќе и` овозможат на компанијата да го прошири капацитетот. Тој рече дека Фејсбук сака да им помогне на луѓето да решаваат поголеми и поважни проблеми.

Компанијата објави дека нема јавни планови за прослава, но дека оваа пригода е повод многумина да се навратат на метеорскиот подем на оваа популарна интернет-страница и нејзиното влијание врз другите социјални мрежи како Твитер, Инстаграм и Снепчет.

Компанијата се проценува на 157 милијарди долари
Првичното појавување на берзата за Фејсбук во 2012-та покажа неочекувано слаби резултати, но акциите на компанијата оттогаш пораснаа на рекордно ниво. Компанијата се проценува на 157 милијарди долари, повеќе од било која голема фирма со многу поголема историја.

Експертите велат дека главен предизвик на оваа интернет-страница за социјалното поврзување е одржувањето на интересот на младите корисници, кои имаат тенденција кон прифаќање нови технологии, но истовремено и да се задржат и нивните родители кои се во базата на корисниците на Фејсбук.

Независно што носи иднината, Фејсбук веќе остави белег на денешницата – воведе нови термини во модерниот вокабулар.

 

 

 


 Социјалната мрежа Facebook, денеска го слави својот 10-ти роденден. Тој е основан на 4-ти февруари 2004 година и за 10 години стигна до статусот најголема друштвена мрежа во светот со околу 1,23 милијарди корисници месечно.

Facebook има регистрирано над милион различни профили од Македонија (1.060.000) од сите возрасти. Од нив 620.000 се профили на лица од машки пол, а 440.000 се профили на лица од зенски пол. За споредба, бројот на Фејсбук корисници во 2011 година, изнесувал 880.000.

Интересно е што повеќе од половината корисници на Facebook од Македонија, избегнуваат да го откријат својот љубовен статус и немаат наведено дали се во врска, верени или брак, додека 190.000 корисници откриле дека се „во брак“ или „single“.

Бројот на Facebook страници регистрирани од Македонија изнесува 877, а нив ги поддржале над 17 милиони профили, или секој Македонец има лајкнато во просек по 17 страници. Facebook страна со најголем број лајкови е онаа на GRID.mk, додека според активноста на самата страница најпопуларни се Facebook страните на нашиот портал Прес24 и страната на Сител ТВ.

 Македонија
04.02.2014 - 14:56

Извор:   http://www.press24.mk/10-godini-facebook-pres24-megju-najaktivnite-fan-strani-vo-makedonija