http://bigorski.org.mk/UserFiles/Image/0002016/vesti/pravoslavie/230853.b.jpg


11 март 2016 лето Господово

Сериите и телевизиските програми,230853.b.jpg не треба да содржат сцени и секвенци поврзани со случајни и секакви вонбрачни врски, а исто така и еднополови „односи“, и плотски односи меѓу малолетниците – е наведено во новото упатство на продукцискиот комитет на кинеската телевизија при Обединетите радио, кино и телевизија, и телевизиската асоцијација на ТВ индустријата.

Според ова упатство, во телевизиското емитување не смее да се прикажуваат „нетрадиционални полови односи и сексуално однесување“, како и прикажувања на вонбрачни односи. „Нанесувањето на штета врз семејните вредности“ се смета за недопустливо.

Документот во себе вклучува и забрана на секвенци, поврзани со вештерство и идеи за реинкарнација. Сцените со жесток криминал и сцени во коишто се опишани детални кривични иследувања, исто така се забранети за прикажување, како поттикнувачи на криминал.

Упатството вели дека, демонстрирањето на модели на однесувања кои можат да им нанесат штета на неполнолетните, како што е на пример љубовни сцени меѓу малолетници, пушење, употребување на алкохол и насилство исто така се забранети за прикажување.

Sina.com.cn соопштува дека вработените од службата што го контролира емитувањето во Кина, изјавија дека инструкциите важат и за он-лајн емитувањето, чијашто содржина ќе биде строго контролирана во текот на 24 часа на ден.

Извор: Православие.ру