Донации и хуманитарни  акции на студентите на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Студентите донираа прехранбени производи и учествуваа во  подготвувањето и делењето на оброците за сите ранливи категории на граѓани во рамки на јавната кујна во црквата “Свети Апостоли Петар и Павле”.

 Студентите на Економски факултет-Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје ја покажаа својата хумана страна организирајќи голем број на хуманитарни акции и обезбедувајќи донации за ранливи категории на граѓани. Со цел да поттикнат поголем интерес и посетеност на хуманитарните акции, студентите самостојно дизајнираа и поделија флаери, поставија плакати на различни локации низ градот, а настаните беа споделен и на социјалните мрежи Facebook и  Twitter. Како резултат на ангажираноста и професионалната посветеност на студентите, сите хуманитарни акции беа успешно реализирани.

доц. д-р Ежени Брзовска од Економскиот факултет – Скопјe.


 “Сакав да започнам една иницијатива од хуманитарен карактер помеѓу студентите. Имав чувство дека нашиот мускул за хуманост е атрофиран и дека токму преку овие активности ќе го активираме. Восхитена сум од еланот и енергијата која ја емитуваа студентите и личното задоволство кое го манифестираа по реализацијата на хуманитарните настани. Имено тие самостојно ги организираа и реализираа сите донации и хуманитарни активности  и инволвираа голем број на компании и индивидуaлни лица кои ги поддржаа со голем број на донации”  изјави иницијаторот на настанот доц. д-р Ежени Брзовска од Економскиот факултет – Скопјe.

 
Една од хуманитарните акции имаше мото “Малку е потребно”  посочуваќи дека името на оваа иницијатива претставува апел до сите луѓе кои сакаат да помогнат, и дека навистина малку  е потребно да бидеш виновникот за нечија насмевка.
Студентите ја покажаа својата хуманост и преку организирање на  велигденска работилница во ООУ „Симче Настовски“ Вратница, општина Јегуновце, посветена на децата со посебни потреби. Работилницата започна со кратка презентација за празникот Велигден, а потоа следеа разни активности, односно се бојадисуваа велигденски јајца, а студентите заедно со децата боеа боенки со велигденски теми. На крајот од работилницата на секое дете му беше доделено пакетче со храна, пијалоци и ликовен материјал донирани од спонзорите. Беа донирани прехранбени производи, облека, играчки и книги во и во СОС детското село, во ранливи категории на семејства, како и во здржението на децата Роми “Мир”.

Студентите донираа прехранбени производи и учествуваа во  подготвувањето и делењето на оброците за сите ранливи категории на граѓани во рамки на јавната кујна во црквата “Свети Апостоли Петар и Павле”.


Успешно реализираа и крводарителската акција со наслов “Дарувај крв, спаси живот”, која беше отворена за сите кои сакаа да ја покажат хуманоста и да даруваат крв.


Организаторите на овие настани  беа студентите на департманот маркетинг:

Марина Анчевска, Ивана Ацковска, Јован Цветановски, Бранимир Бојаџиевски, Мила Поповска, Наташа Димитриевска, Оливера Стојева, Христина Веселиноска, Филип Ефински, Ангела Нешовска, Ива Попадиќ, Бојан Мартиновски, Вероника Стојановска, Бојана Алексова, Јована Петровска Сашо Узуновски, Стефан Јовановски, Јана Кочова, Ема Стефанова, Милена Митушева, Михаил Василевски, Кристина Ставреска, Бонита Колевска, Надежда Златко, Михајло Чалоски, Антонија Тасевска, Бранка Живковиќ, Андреј Мартински, Сандра Мицковска, Мартина Петровска, Валентина Гогова, Ивана Плушкоска, Маја Илиоска и Анче Стаменов од  Економски Факултет – Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје под менторство на доц. д-р Ежени Брзовска. 


Сите хуманитарни настани добија поддршка од бројни организации и компании, како и значителна поддршка од деканот проф. д-р Љубомир Дракулевски и  продеканот проф. д-р Предраг Трпески .

 

Старешината на храмот на св.апостоли Петар и Павле, на голема радост на студентите им подели Православен календар за 2016 година, како и велигденски јајца.

Скопје, лето Господово 2016