Ana.Jofkovska.kniga

Не ми купувај цвеќе, измиј ги садовите. – Тоа е мојата желба упатена кон маж ми за 8 март 🙂
Овој значаен меѓународен ден го започнав со запршка на шпорет во 6 сабајле! Потоа следуваше една тура алишта за перење... па, околу 7 ч. ги фркнав на најјако цедалката, блендерот и другите „помагала“... за од 9 ч. да можам да почнам со работа. Дека ова другото не беше работа нели 😉

И се јавувам на другарка ми да ѝ честитам, таа ми вика: Од 3 ч. по полноќ сум будна, се разбуди детето, па моравме да играме до 6 сабајле (маж ѝ продолжил да спие, секако, пошто е на работа нели! Она е инаку универзитетска професорка и исто така е на работа денес).
Да живее родовата еднаквост – формално освоена, реално сонувана!

Оваа приказна е само едно зрнце од корпусот на женските битки, слободи и права. Ова се моменти реално на две привилегирани жени... Се прашувам што е со сите маргинализирани и стишени женски гласови? Со сите обезмоќени жени... Со сите кои немаат избор...
Среќен 8-ми март драги жени – силни и кревки, челични и фрагилни, гласни и тивки! Не заборавајте на своите соништа додека со крајчето од окото ѕиркате низ прозорецот на кујната од кој ја гледате слободата!
Другите пораки ви ги праќам преку потпишаните примероци од мојата книга „Сакам, значи постојам“ во книжарниците на ТРИ како дел од акцијата „Храбри зборови за секоја жена“.

 

Избор од фб профил на:

Ana Jovkovska