38.machenici1
Денеска се одбележува Светскиот ден на океаните за да се подигне свеста за важната улога која тие ја имаат во нашиот секојдневен живот.

Океаните прекриваат речиси ¾ или 71 отсто од површината на Земјата, а од 2000 година официјално се 5: Арктички, Атлантски, Индиски, Тихи и Јужен Океан.

Водите на океаните стануваат сè повеќе загрозени поради глобалното затоплување кое предизвикува пораст на температурите. Од 1880 година, глобалното средно ниво на морињата се зголемило за 21-24 центиметри, воглавно поради топењето на глечерите и термалната експанзија на морската вода која се загрева.

Повеќе пластика во океаните отколку риби

Океаните се загрозени од претераниот риболов и отпадот, особено пластиката. Луѓето произведуваат тони и тони отпад од кој голем дел е пластика.

Луѓето годишно користат повеќе од 1 милијарда пластични кеси, фрлаат 13 милиони тони пластика во океаните, трошат 17 милиони барели за изработка на пластика (еден барел има околу 159 литри) и убиваат повеќе од 100.000 животни со користење на пластика.

Проблемот е во тоа што на пластиката ѝ се потребни околу 100 години за да се разгради во природата.

Со присутните трендови на користење и фрлање на пластичен отпад во океаните, пластиката ќе го надмине бројот на риби веќе во 2050 година.

 

Извор:

https://tocka.com.mk/vesti/379125/do-2050-godina-vo-okeanite-ke-ima-poveke-plastika-otkolku-ribi