Ostrog.jpg

(Обновено)

 Ostrog.jpg

 Ostrog.jpg

 Ostrog.jpg

Свети Василиј Острошки    


Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сѐ потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја.

Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви.

Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.

 Ostrog.jpg

 Ostrog.jpg

 Ostrog.jpg


На  околу 3 до 3,5км.одалеченост, во долниот дел од Острог се  наоѓа женскиот манастир во кој живеат неколку монахињи,   а во горниот машки манастир,   се наоѓа  кивотот со нераспадливите мошти на св.Василиј Острошкиот-чудотворец, и  за посетителите, монасите даруваат  како благослов по едно шише света вода и по едно шише свето масло..Над моштите на светителот, свестениците читаат молитви на  верниците  за каква и да е  болест (дали душевна или телесна), и се случуваат  големи исцеленија од наразлични и најтешки болести.

Во манастирот има и едно лоза, и на тие што немаат дечиња,  им се дава по некое гранче за бладослов.Лозата се наоѓа на најгорниот дел во манастирот и од тука може е да се види голем број од околните места бидејки и самиот манастир се наоѓа на голема надморска височина и е созидан во карпите. На најгорниот дел на манастирот се наоѓа уште една мала црква.Од тука е прекрасна глетката кон  долниот женски  манастир  и уште еден манастир,  посветен на св.Станко. По патот  кон манастирот Острог се гледа од автопатот и патот по кој што се вози и изгледа прекрасно, како звезда која силно сјае и му го привлеква вниманието на сите.Во манастирите се наоѓаат прекрасни конаци каде може да се престојува, а од долниот манастир до горниот може да се оди  пешки по пешачката патека, а и со организиран превоз од самиот манастир.

 Ostrog.jpg

 Ostrog.jpg

 Ostrog.jpg

 Ostrog.jpg

 Ostrog.jpg

 По избор на Владо Митев -