Девствени територии

Економист - Лондон

Во 2012 ќе се води битка околу три неосвоени делови од технолошкиот крајолик. Во некои делови од новиот дигитален свет ќе стане очигледно кој владее. Гугл владее со пребарувањата, Фејсбук во социјалното вмрежување, Амазон во трговијата. За овие териториии се уште се војува: Бинг на Мајкрософт го напаѓа Гугл во пребарувањата, Гугл пак го напаѓа Фејсбук во социјалните мрежи, и така натаму. Но ова се огромни, релативно созреани полиња. Во текот на 2012, најинтересни битки ќе бидат оние кои ќе се водат за помали, помалку познати територии во светот на технологиите, во областите како што се мобилните плаќања, локациите и аугментираната реалност.

Тие сега изгледаат како маргинални полиња, но треба да се сетиме дека и социјалното вмрежување тргна скромно пред една деценија, за денес да брои стотици милиони луѓе кои се онлајн во исто време, повеќе отколку било која друга активност, стои во истражувањето на анкетата „Американски интернет корисници“ на Нилсен, фирма за истражување на пазарот. Како пребарувањата, социјалните мрежи и онлајн трговијата, и овие нови ветувачки територии имаат потенцијал да го трансформираат животот на луѓето, но допрва треба да се освојуваат. Па кој ќе ги дизајнира ?

Да почнеме со мобилните плаќања. Една од најчудните работи во технолошкиот прогрес е тоа што е полесно да го употребите вашиот мобилен телефон за да платите такси во Најроби отколку во Њујорк. Тоа е затоа што Кенија е светски лидер во системот на мобилни плаќања, кој стана посебно полуларен во светот во развој како алтенатива на конвенционалното банкарство и методите за плаќање. Во развиениот свет, обидите да се заменат паричниците и кредитнте картички со мобилни телефони се блокирани од тврдоглавоста на банките и мобилните оператори околу тоа кој ќе „го поседува“ муштеријата, и кој ќе плати да се надгради опремата за плаќање поставена кај милиони трговци.

Обрнете внимание на двете компании кои можат да го скршат овој мраз во 2012. Првата е Сквер, нова компанија која ја основа Џек Дорси, кој исто така го основа и Твитер. Неговата фирма произведе мали, коцкасти направи кои се приклучуваат на АјФон на Епл или на смартфоните базирани на андроид оперативен систем, и го претвараат во мобилен читач преку кој можат да се вршат плаќања со кредитни картички. Посетете го пазарот на фармерите во Сан Франциско кој се одржува деновиве, и таму можете да видите како функционира ова.

Следниот пробив на технологиите им озвоможува на корисницте кои купиле нешто на овој начин да го користат нивниот АјФон наместо кредитните картички за било какви купувања. Ова е суштинско отскокнување од она што со години врвните планирања на овој метод не успеаја да го остварат. Следната компанија на која треба да се внимава е Епл, сега под новиот шеф Тим Кук. Фирмата постојано зема полудовршени идеи (дигиталниот музички плеер, смартфонот, таблет компјутерите), и на индустријата и покажува како треба тие да се направат. Во 2012 очекувајте повторно ваков обид со мобилните плаќања, со вметнување на безжичен чип во новата верзија на АјФон. Епл може да направи секој АјФон да врши и прима плаќања, врзувајќи го целиот систем со кредитните картички на повеќе од 200 милиони луѓе кои веќе го користат сервисот Ај-Тјунс. Ако некој може преку ноќ да направи инфраструкура за мобилни плаќања, спречувајќи копирачки потези од други и отварајќи еден сосема нов пазар, тогаш тоа е Епл. (За да безбеди компатибилност со постарите верзии на АјФон и со андроид направите, Епл може да стане и логичен купувач на Сквер). Исто така на ова подрачје активни се Пејпал, кој доминира со плаќањата на Интернет преку компјутер, и Гугл кој во 2011 го лансираше сервисот „мобилен паричник“.

Сервисот за лоцирање е уште едно поле кое допрва треба да тргне. Мобилните оператори веќе со години прават специфични рекламирања според локациите и доделуваат купони. Неодамнешните почетоци, како оние на Форсквер и Говала, се обидуваат на корисниците на смартфони да им дадат можност да ја споделуваат нивната местоположба, со можност за комерцијализација на овие информации. Но информаците за локации се најкорисни кога се врзани со други нешта - како што се фотографии, потоа со надградба на статусите и препораките кои се споделуваат преку социјалните мрежи. Во 2012 најверојатно ќе има многу акција затоа што апликациите за локација ем соработуваат ем се натпреваруваат со големите социјални мрежи (Фејсбук, Твитер и Гугл +), кои ќе продолжат да ги интегрираат информациите за локации во нивните услуги.

Слична ситуација се претпоставува на полето на аугментираната реалност (АР),  научнофантастичниот трик за повеќеслојни информации од Интернет во гледањето на светот во реално време. Во овој момент ова е трик за забава кој може да се изведе со помош на многу апликации за смартфони (како што се Лајар, Викитјуд или Гугл Гоглс), и на некои конзоли за играње (како што е Нинтендо 3ДС). Но како што информациите за локации и социјалните мрежи се испреплетени, така АР станува логичен начин да се видат нивните резултати: на пример, да забележите некој пријател во гужвата на некој фестивал, или  евентуално да им овозможите на вашите очила да ве потсетат на името на лицето со кого зборувате на некоја конференција, заедно со најновите постирања на социјалните мрежи. Уште еднаш, ова е предизвикувачка нова територија, која и фирмите-почетници и големите социјални мрежи ја имаат предвид, заедно со машините за пребарување и хардверските достигнувања. Во моментов, Епл е компанијата која може да предводи во пакувањето на врвните технологии во елегантна и лесна за употреба форма. Дали Епл еден ден ќе лансира и свој комплет за аугментирана реалност - некакви Ајглас (Ајочила), на пример ? ат/10:00