Врвните европски достигнувања со славни режисерки имиња и наградувани филмови на престижните фестивали во Кан, Венеција, Берлин, ќе го одбележат 17 то издание на реномираниот Меѓународен фестивал на европски филм Синедејс. Под мотото збогати се преку ноќ од 8 до 18 ноември во веќе неколку познати селекции  над 100 филмови,  ќе бидат прикажани пред скопска публика. Екслузивно на Синедејсв потписниците на фестивалот го издвојуваат  филмот Фејворит на Јоргос Лантимос чија премиера се случи на годишното издание на Венецискиот фестивал, а ќе биде прикажана и долго очекуваната премира на филмот Хеј на режисерот Васил Христов.

Организаторите на фестивалот велат дека императивот на годишното издание на Синедејс  е да ги потикне граѓаните да размислат  како  духовно и културно да се збогатат, а  градоначалникот на Скопје Петре Шилегов посочи дека  девијантни појави кои ни се случуваат  се резултат на изместени вредности.

„Сооглед на тоа дека за една година во Скопје се отворени околу триесетина коцкарници сакаме на младите да им кажеме дека збогатувањето не мора да е само материјално“, вели Русе Арсов - директор на МКЦ

„Збогати се преку ноќ, а ќе се збогатиш ако гледаш добар филм“, вели Петре Шилегов

Фестивалот на европски филм Синедејс кој  основан е во 2001 година на иницијатива на шпанскиот режисер Педро Алмодовар финансиски е поддржан од Агенцијата за филм, Градото Скопје и делегацијата на ЕУ во Македонија.

https://www.24.mk/sedumnaeseto-izdanie-na-megjunarodniot-festival-na-evropski-film-%E2%80%9Esinedejs%E2%80%9C