Фотографии од „Нешнл џeографик“ во Куршумли ан

Скопје, 3 април 2013 (МИА) - Патувачка изложба на фотографии од „Нешнл џeографик“ денеска во 13 часот ќе биде отворена во Куршумли ан.

Постановката ја сочинуваат 60 фотографии објавени на порталот за Западен Балкан (balkansgeotoutism.travel) на „Нешнл џеографик“.

Организирана е од Советот за геотуризам на Западен Балкан од „Нешнл џеографик“.

Изложбата првпат е поставена во Вашингтон, САД, во јуни, минатата година со цел промовирање на јавното пуштање на порталот, чија цел е да го поттикне регионалниот туризам и да помогне во формирање силна мрежа за разработка на разни иницијативи од регионот.

Земји-учеснички, односно членови на Советот за геотуризам се Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Од Скопје изложбата ќе продолжи низ Балканот и Европа. ва/са/9:50