Веројатно нема ништо поубаво од играта на малечки дечиња со прекрасните животни, а токму оваа бајковита глетка ја препозна и една талентирана уметница од Русија, па крајните резултати се и повеќе од воодушевувачки.

Руската уметница Елена Шумилова создаде прекрасна серија на фотографии од своите деца во прекрасното опкружување на фармата каде што тие живеат со бројните животни. Фотографиите со топли бои, создадени во текот на сите годишни времиња, сигурно ќе ве вратат во детството и магичниот свет на руските бајки.

 

 "Кога фотографирам, сакам да користам природно светло, како во внатрешноста, така и при снимањето надвор. Ги сакам сите видови на светлосни услови - улични светла, светлината од свеќите, маглата, чадот, дождот и снегот... Сето тоа и дава визуелна и емоционална длабочина на сликата", вели уметницата.

  

  Кога завршила со средното образование, таа се запишала на Архитектонскиот институт во Москва, каде што вежбала скицирање и фотографирање и како што самата вели, веројатно токму ова нејзино искуство го дефинирало и нејзиното чувство за фотографија.

 

 Како мајка која постојано е со своите синови во текот на денот, таа самата ги обработува сликите навечер. "Ми се допаѓа тоа што секоја фотографија има поинаква приказна", гласи еден од коментарите на воодушевените фанови на Шумилова, а друг додава дека е прекрасно тоа што кај децата го развива чувството дека и припаѓаат на природата.

 

 

 

 

Извор:

 http://zazabava.com/kako-od-ruska-bajka-dechinja-na-farma-polna-so-zhivotni