3.angeli.so.truba

ПСИХИЈАТРИСКИ КРЕДО

Не може да се замисли ништо што би го детерминирало човекот толку да остане и без најмалку слобода. Затоа делче слобода, колку и да е мало, останува во човекот и во невротична, па дури и во психотична состојба. Навистина, најдлабокото јадро на личноста не е гибнато дури ни во психоза. Се сеќавам на еден човек од околу 60 години што го донесоа кај мене поради слушни халуцинации, кои траеле веќе неколку децении. Пред мене беше руина од човек. Сите во неговата околина го сметаа за идиот. А каков шарм зрачеше од него! Како дете сакал да стане свештеник, но морал да се задоволи само со тоа да пее во црковен хор во недела наутро. Неговата сестра што го донесе, ми раскажа дека понекогаш многу се вознемирува, но во последен момент успева да се исконтролира. Се заинтересирав за психодинамиката овој случај, бидејќи помислив дека постои силна фиксација на пациентот за неговата сестра. Затоа го прашав како му поаѓа од рака да стекне контрола врз себе; „Поради кого го правите тоа?" Следуваше пауза од неколку секунди, после која пациентот одговори: „Поради Бог". Тука се отвори длабочината на неговата личност и на дното на таа длабочина, без оглед на сиромаштијата на неговата интелектуална дарба, се откри автентичен религиозен живот.
Неизлечливиот психотичен пациент може да ја изгуби својата општествена полезност, а сепак, да го сочува достоинството на човеково суштество. Тоа е моето психијатриско кредо. Без него не би сметал дека е вредно да се биде психијатар. Зошто? Зар оштетениот мозочен апарат што не може повеќе да се поправи. Ако пациентот дефинитивно не би бил повеќе ништо, тогаш евтаназијата би била оправдана.

 

 

Извор:

ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ

 http://www.kniga.mk/

 

Виктор Фрнкл- „Човековата потрага по смислата“

Доживувањата на еден психолог

воконцентрационен логор

 

Човековата потрага по смислата се мемоари што стаписаа многу генерации читатели со своите описи за животот во концентрационите логори на нацистичка Германија и со поуките за душевен спас и преживување на авторот Виктор Франкл. Токму тој, Франкл, од 1942 до 1945 година, бил држен во четири различни логори, вклучуваќи го и најозлогласениот, Аушвиц, додека неговите родители, брат иу и неговата бремена жена исчезнале засекпгаш.

Врз основа на личните искусва и искуствата на друтите што ги лекува понатаму во својата практика како психијатар, Франкл објаснува дека не можеме да го избегнеме страдањето, но дека можеме да избереме како да се справиме со него, да најдеме смисла во него и да продолжиме напред со обновена цел за своите животи
Човековата потрага по смисла е прогласена за едиа од десетте книги што извршиле најголемо влијание врз читателите во Америка. Мала по обем но голема по своето значење, таа веќе седумдесетина години не губи ни малку од својата актуелност. Досега е продадена во над десет милиони примероци и има над дваесет и пет интернационални изданија.

 TVITer447

 пп

 

Издавачкиот центар ТРИ е основан на 23 ноевмри 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметна како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради неговата ориентација кон книгите што се најактуелни во светот. Денес ТРИ ја продолжува својата мисија – секогаш да биде во чекор со актуелните случувања на светската книжевна и културна сцена! Како свој приоритет си ја поставивме целта да ја направиме книжевноста достапна до сите  – за да ги прошириме хоризонтите, да се доближиме до светот, духовно да се збогатиме.

Книжевноста е една од оние уметности што успеваат, создавајќи нови светови, поинакви од нашите, да го направат светот барем за момент подобро место. Имагинарната реалност во книгите ја има способноста да нè доведе до катарза, за момент да избегаме од реалноста што нè опкружува и да се најдеме во еден поинаков, можеби храбар, можеби страшен, можеби смешен свет.  Затоа, ТРИ застана зад објавувањето на делата на оние автори што значат нешто во уметничкиот свет, чии дела донесоа длабоки промени и го размрдаа светот на книжевноста, па и светот воопшто. Настојуваме да направиме совршен спој помеѓу актуелните книжевни и филозофски струења, објавувајќи ги најмодерните и најсовремените автори од целиот свет, без разлика на јазикот, полот, родот, сексуалната или верската ориентација, и класичните, неодминливи ремек-дела на човековата мисла. Како ексклузивен застапник на монографските изданија „Ташен“ и „Тенеус“, ТРИ нуди цела палета на студии од областа на уметноста, филмот, архитектурата, фотографијата и уметноста на живеењето. А за да им го направи на своите читатели уживањето во книгите комплетно, ТРИ ја отвори и својата кафе-книжарница, каде што можете да уживате во добра книга, добро кафе и добра музика! ТРИ ви нуди поинаков начин на размислување, на живеење, на доживување на светот, еден сосема поинаков свет. Свет во кој сте поканети да влезете во кое било време, без најава, онакви какви што сте! Прочитај и рaскажи, прераскажи, подари, сè што сакаш, едноставно, ЧИТАЈ!“

Извор:

http://www.kniga.mk/about-us.html

8ми јануари 2021 г.