Тука и таму
                                                         

Момент
  3.angeli.so.truba                                                  

Тука и таму.
Што сѐ една красота од момент збрал.
Сѐ е како што е ,
но визурата,
твој избор е.
Здив со живот исполнет и радосен.
Пргаво, во спокој детство.
На мама и тато
- зеница во око.
 Љубовта дадина
- во бескрајни игри.

Сите љубови незаборавни,
до срцето блиски,
останаа така,
како да се
- тука и таму.
Во таа красота од:
Момент.
Чудесии.
Само момент,
а така се распострал
и сѐ во себе си збрал.

Ох,.. таа поезија,
душава што ми ја милува.
Секој збор творечки
кој Небото и Земјата ги спојува.
Да се остане млак...,
може ли...?
Кога ритамот на срцето Антево
во водите на Вардар,
во таква неизвесност храбро твори.
Кога Покана на Гане
уште секое утро
ме поздравува.
Кога Везилка на Блаже
за противречноста ми пее
-мистерија,
разрешена
-кога надежно е дочекана.

Колку ли само беа и се,
во недоглед песни...
Тука и таму,
а пак,
сите се збраа,
за со нив да се дише
и во таа убавина од живот
- воведение да се.

И љубовни видици нови
- ширно шират микросвет.
Тука и таму.
Во таа убавина од
само еден момент.
Љубов од двајца
-дел од Нишка надеж
за Небо на Земја.
Заедно во таа
- Страст од момент.

Во раце ти даваат човече
- срце мало,
а пред малку во тебе чукаше
и едно знаеш
- на земја сигурно не си.
Ете, Рајот,
си велиш- ова е.
И сѐ во таа красота од момент.
И повторно:
Во раце држиш
човек мал кој
оној ист здив го милува
и крадеш од Небото,
а здивот ве спојува.
И така ќе биде секогаш.
Во тој услуп од момент.

Човек за човека,
повеќе од за себе
и
- Небо на земjа:
да научиш да споделиш
парче душа,
несебично,
за другиот.
За живот силно да засакаш.
Тука и Таму.
Чудесии.
Красота.
Се збрало:
детство,
стремеж поетски,
љубов безвремена,
две душички мили,
споделувања
за откровенија Небесни
- и виде
за да биде
и
љубовно кон се Погледна.

А она на почетокот
- во меморија на срцето.
Оној на почетокот
- здив кој милува.
Животворен,
Ете...
 и Лице во срце се открива.
Тука и таму.
Премин.
Личотија.
Оној  
- Кој,
непрестајно ми кажува,
дека од љубов сум создадена
за да се радувам
и за љубов да живеам.

Благица Блажеска

 

17ти февруари 2021 лето Господово