Македонското политолошко друштво и Православниот богословски факултет-Скопје на 13.12.2018 година (Четврток) во 10:00 часот во салата на Православниот богословски факултет ќе организираат научна дебата на тема „Политиката и религијата“.

Поздравни обраќања на Научната дебата ќе имаат Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје, М-р Даријан Сотировски, Претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, проф. д-р Ѓоко Ѓоргиевски Декан на Православниот богословски факултет и доц. д-р Марјан Ѓуровски, Претседател на Македонското политолошко друштво.

Воведничари на научната дебата ќе бидат Митрополит Европски г.Пимен, Проф. д-р Цане Мојаноски, Факултет за безбедност-Скопје, Проф. д-р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки и Доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ, Продекан на Богословскиот факултет-Скопје.

Свои излагање на дебата ќе имаа повеќе професори од академската заедница во Република Македонија меѓу кои Проф. д-р Александар Спасеновски Правен факултет-Скопје, Проф. д-р Ратомир Гроздановски Богословски факултет-Скопје, Проф. д-р Проф. д-р Славејко Сасајковски ИСППИ при УКИМ-Скопје, проф. д-р Владимир Божиновски Правен факултет-Скопје и други.

Македонија уставно е декларирана како секуларна  држава, но во исто време, пет верски заедници и цркви се нотирани како институции, кои на еден или друг начин, се поврзани со историскиот контекст на државата.

Во Македонија честопати во пракса во голем дел од настаните и процесите лесно може да се препознае блиската врска на религијата и политиката. Влијанието на религијата во политичките процеси е јасно препознатлива, а од друга страна исто така и влијанието на политиката во религиските процеси. Медиумски покровители на дебатата се порталите Религија.мк и Премин Портал.

 

ДЕКАН НА БОГОСЛОВСКИОТ ФАКУЛТЕТ               

 ДЕКАН                                                                                                                 МАКЕДОНСКОТО ПОЛИТОЛОШКО ДРУШТВО

Проф. д-р Ѓоко Ѓоргиевски с.р.                                                                           ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                                                                                                    Доц. д-р Марјан Ѓуровски с.р.