Кипар бара помош од рускиот патријарх Кирил
Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, ќе се сретне со архиепископот на кипарската православна црква Хризостом, за да разговара околу ситуацијата во земјата, по одбивањето на парламентот да воведе данок на заштедите.  На средбата ќе и претходи состанок на претседателот со политичките водачи.

Се очекува дека Анастасиадис ќе побара од архиепископот да се обрати со молба за помош кон рускиот патријарх Кирил за преговорите за финансиска поддршка за Кипар.

Архиепископ Хризостом е познат како противник на политиката на Европската унија, тој смета дека ако Европа се обидува да ја задуши економијата на Кипар, тогаш е подобро државата да ја напушти Унијата.

Според него, ЕУ и Меѓународниот монетарен фонт се обидуваат да ги контолираат залихите на природен гас, откриени на Средоземното Море.

автор: Нетпрес

 

20.03.2013 год.