НЕМАТЕ ИДЕЈА КАКВО ЗЛО ЌЕ ДОЈДЕ ОД УЧИЛИШТАТА
Погледнете го нашето образование, кое е атеистичко и го управуваат демонски центри однадвор.
Целиот наставен материјал го одредуваат овие центри кои се борат против Православието и христијанството, ги учат децата дека радоста доаѓа од телото, од телесните задоволства, од обожавањето на телото и неговите функции.
Свети Козма Етолски рекол : „Немате идеја какво зло ќе дојде од училиштата“, а ние го гледаме исполнувањето на ова пророштво во наше време.
Поради оваа причина, Божјиот гнев се излеал врз човештвото од Стариот Завет и дошло до Потопот.
И од истата причина дошло до уништување на Содом и Гомор.
Од истата причина, ќе започне и последната страшна војна, Армагедон, во која ќе има милиони и милијарди жртви и ќе има големо истребување на огромна маса луѓе - повеќето од светската популација, после што човечката историја ќе заврши и ќе се случи Второто Христово доаѓање .
Да го имаме ова на ум за да не
паднеме во замката на ѓаволот.
Радоста не доаѓа од телото, не од храната, не од телесни задоволства, туку доаѓа од Светиот Дух. Плодoви духовни се  - љубов, радост, мир и се друго што светиот апостол Павле го наводи види (Гал. 5:22).
Архимандрит Сава Светогорeц