ДВА ПЕРИОДИ ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ

1960 г.

...мир и спасение!
 ...Кај нас умре една монахиња во големи маки. Треба уште порано да Го молиме Господ за христијански крај (смрт) „безболен, непосрамен, мирен и за добар одговор на Страшниот суд!...“ Треба да си спомнуваме за својот крај, за болестите и неволјите што можат да нè снајдат, за појавувањето на злите духови, за мноштвото свои недостатоци, но и за бесовската власт над нашата душа и на отсуството на добри дела на кои би се надевале. Единствена надеж е Божјото милосрдието кон сите кои веруваат во Него и кои се свесни за своите недостатоци.
Кога се молите, „излупете“ ја својата душа пред Бога во нејзината мерзост, без самооправдување и како лепрозниот говорете: „Боже, биди мислостив кон мене грешниот!“ Со овој и на него сличните примери, Господ ни покажал правилно однесување на грешната душа, и ни укажал, исто така, дека од таквото однесување  може да се роди вистинска молитва без прелест. Кон таквата молитва слегува Божјата благодат и го оправдува (цариникот така си заминал оправдан, а лепрозниот – очистен) грешникот преисполнет со душевна лепра.
Постојат два примери во духовниот живот на христијанинот:
1. свесност за својата расипаност, за падот и гревот;
2. постепено исцелување на душевните рани.
Без првото не може да постои второто. Првото најчесто нè води до искрено длабоко смирение, со кое е можно без штета да се добие исцеление и други Божји дарови. Ако нема смирение, тогаш тие ќе бидат на штета па дури и на пропаст на човекот.
Од книги и опити стекнете духовни познавања кои се однесуваат на патот на спасението. Господ нека Ви даде разум за сè што е добро и да Ве заштити од секое зло.

 

 

(Продолжува)

 


5y_Aleksandar_Bozinovski.jpg 

Превод од српски:
Александар Божиноски


Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски, г. г. Стефан

Наслов на изворникот:
Трпљењем спасавајте душе своје
(духовне поуке хришћанима последних времена)

Превод од српски: Александар Божиноски

Рецензент: М-р Илија Орачки

Лектура: Елена Малинова

Ликовно и графичко обликување: Милан Јаковчевски

Печати:„Ирис“ – Струга


Друго: