За молитвата (Старец Клеопа - извадок од - Голем е Бог)
Каква духовна моќ има кажуваната, усна молитва, која главно ја творат верниците?

 

Нема голема моќ молитвата која се твори само со јазикот и гласот, бидејќи во текот на молитвата Бог го побарува од човекот повеќе неговото срце, отколку зборовите на устата и јазикот.

Бидејќи почујте што вели: „Синко, дај ми го мене срцето“ (Изрек, 23, 26).

 

Бог не бара од нас само глас и молитва, направена со уста, гласно или тивко, туку пред се воздив и говорот на нашето срце, тоа го бара Бог.

 

Еве што вели: „Нека е цврсто срцето твое “(Псалм 26, 14), и пак :  „Рикав поради воздишките на срцето мое“ (Псал. 37,8)

 

А големиот пророк Илија имајќи во вид дека народот Израилев се моли само со устата, а не со срцето велеше: „Близу си Ти, Господи, до устите нивни, но далеку од срцата нивни“ (Иса, 29,13; Мат.15, 8).

 

Свети Григориј Нисиски вели „дека молитвата на устата и на јазикот е најдалечната меѓа на  молитвата“ (Коментар на житието Мојсеево).

 

Други свети отци, молитвата на устата ја нарекуваат најниско скалило на духовната молитва. Имајќи го тоа во вид, да се молиме на Преблагиот Бог да ни помогне да се воздигнеме повисоко од усно - гласната молитва, за да Го фалиме и „да Му пееме на Господа во своите срца“.

 

 

Како можат денешните христијани да ја извршуваат заповедтта на Св. Апостол Павле, кој вели: МОлете се постојано“ (1. Сол.5,17)?

 

Секој може да се моли постојано, ако секогаш оди пред Бога со својот ум и срце. Со рацете може да работи , а со умот свој и срцето да биде во богомислие. Уште ова го велам, дека најважната духовна молитва е следната: да бидеме со умот и срцето неразделни од Бога во секое време и на секое место, каде и да сме. Главно е да го имаме постојано чувството, односно, присуството на Бога.

 

„Тоа пак ,ги заменува сите уредби на молитвата и се смета како - постојана молитва“, како што вели свети Теофан Затвореник.

Тоа чувствување и духовниот поглед кон Бога го имал и блажениот пророк Давид, кога рекол:

Секогаш Го гледам Господа, зашто Он е од мојата десна страна, за да не се поколебам (Псалм 15, 8)

 

Значи, треба да разбереме дека животот на верниот човек е постојана молитва, ако со умот постојано се стреми кон Бога.

 

Дали постои уште некој степен на молитвата, по молитвата на срцето?

 

Постои духовна молитва, созерцателна, екстатична (во истапување), која се нарекува и - духовно видение, а која се твори над границата на молитвата. Оној што го достигнал тој степен не се моли со молитва, туку со целото битие; неговата душа ги чувствува духовните нешта.

 

На ваквото видение и духовна молитва само по еден од род на род се удостојува со дарот божји (Добротољубие, том 10, свети Исак Сириин, Слово 85)

 

Подготвил: М. Даниловска