Демон – проповедник
 Житија, Православие, Современи искушенија- Ноември 2, 2012

Еден монах влегол во црква да се помоли. Гледа – а на местото на свештеникот проповеда демон, облечен во одежда на свештеник. Застанал монахот на страна и почнал внимателно да ги следи зборовите на демонот, за да го фати на некој збор, каде што тој ќе каже невистина. Но демонот зборувал точно, како што е во Светата Книга, ништо не менувајќи. И така било до крајот на проповедта. Проповедта завршила. Луѓето се разотишле. Тогаш монахот дошол кај демонот и му рекол:

- Јас те препознав: ти си демон!

- Токму така, – одговорил тој.

- Јас сакав да те уловам за некој збор, но ти се зборуваше правилно! – рекол монахот.

- Се трудев, – одговорил поласкан демонот.

- Па добро, во што е твојата тајна? – прашав зачудениот монах.

- Јас зборував без љубов во срцето, и знам, дека тие луѓе нема да постапат според моите зборови. А тоа за мене е доволно, – објаснил нечистиот.

 

Превод од руски јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Извор: Отодоксија и ортопраксија