лого

 

 Ptici.crkva.jpg

НАДЕВАЈТЕ СЕ ВО БОГА, НО И САМИ ТРУДЕТЕ СЕ


Почитувана... Мир на Вас!
 Мислев дека одлучивте да не ми пишувате воопшто, но се израдував, кога го добив Вашето писмо. Вие можевте да почувствувате од моите писма дека не Ве осудувам, но, дека искрено Ве сожалувам и сочувствувам во неволјата. Па дури и во болница, не се осудуваат еден со друг за оваа или онаа болест.

А ние сите сме болни од душевните болести – гревовите. Едно треба да знаеме и да не заборавиме: во каква и да сме ситуација да не очајуваме. Очајанието кое води кон самоубиство, е смрт за душата. И во најтешките гревови, човек може да се покае и да добие проштевање. И најголемите очајни разбојници и душеубијци, не само што со искрено покајание добиле простување, туку и достигнале светост: Мојсеј Мурин, Варвар Разбојник (6 мај), Даниел и др. Преку нив Господ ни дава пример за да не очајуваме, како Јуда, но да му принесеме покајание и преку покајанието да се спасиме...
 Умилувањето е дар Божји. Дали сме достојни за него? Не треба во никој случај да бараме какво било благодатно расположение за време на молитвата. Според цврстото кажување на Игнатиј Брјанчанинов, молитвата треба да биде само молитва на покајание. И сам Господ Исус Христос нè подучил преку приказната за цариникот и фарисејот. За нас грешните е доволна молитвата на цариникот. Учете од него како да се молите. Ех, кога би се научиле на таква молитва! Не мислете дека е тоа просто. Има голема длабочина. Во таква молитва се отвара бездна на срцето, исполнета со секојдневна жгадија: „Ова е море големо и пространо, во него има многубројна жгадија“.
 Не ве советувам да се причестите до Крстопоклона недела. А потоа Вие сами ќе процените. Треба да се потрудите, помачите, да им правите добро на луѓето, колку што имате сили. Помалку разговарајте со сите. Избегнувајте луѓе. Зад певницата никогаш не можеш да се помолиш. Подобро да најдеш некое ќоше и тука да се прибереш и да го подржуваш цариникот.
 Не надевајте се на кнезовите човечки, ни на синовите човечки. Надевајте се во Бога и сами трудете се. Ако сами не се трудите, ни Господ нема да Ви помогне. Пример за тоа е – Јуда. Многу помага молитвата на праведникот, но ако и сами си помагаме, т.е. ако оној кој има потреба од туѓи молитви сам содејствува со својот живот кон молитвите.
 Господ нека Ви помогне во спасението. Трудете се често да Го споменувате Господа. Саканиот е секогаш во умот на оној што го сака. Чувствувајте се сега и секогаш како цариникот и секако молете се како него и дома и во црква и секаде, колку што е можно почесто. Господ нека Ве чува!

 

(Продолжува)

 


5y_Aleksandar_Bozinovski.jpg 

Превод од српски:
Александар Божиноски


Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски, г. г. Стефан

Наслов на изворникот:
Трпљењем спасавајте душе своје
(духовне поуке хришћанима последних времена)

Превод од српски: Александар Божиноски

Рецензент: М-р Илија Орачки

Лектура: Елена Малинова

Ликовно и графичко обликување: Милан Јаковчевски

Печати:„Ирис“ – Струга


Друго:

 

Извор:

TVITer270

П.П. 2013-01-03 01:15:24