s_h.png
Дај му да пие

s_h.pngВојсководецот Sigisbert Hugo, таткото на големиот и славен писател Виктор Иго, една ноќ јавајќи на коњ, минувал низ бојното поле. Наеднаш слушнал крик за помош. Некој непријателски војник, тешко ранет, барал малку вода за да ја угаси жедта. Војсководецот ја извадил матарката од појасот, и обраќајќи се на својот штитеник му рекол:
„Дај му да пие“.

Кога штитеникот се наведнал за на ранетиот да му ја подаде водата, овој вперил пиштол во него, но за среќа, куршумот го промашил. Сепак, и после пукањето војсководецот му повторил на својот штитеник:

„Дај му да пие“.

Колкава возвишеност во овој чин на војсководецот и колку голема великодушност искажана на дело! Потребно е многу храброст за некој на дело да му покаже љубов на својот непријател. Словото Божјо сака секој верник да е таков. „И така, ако непријателот твој е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го...“ (Рим. 12, 20).

Во тоа се гледа целата возвишеност на христијанството. Љубов, не само кон оние кои нè љубат, туку и кон оние кои нè мразат; Љубов кон сите, а пред сè кон непријателите.

Извор: Бигорски манастир