Monah.vo.pana.jpg

За Големата Схима во Православната Црква потребни се традиционалните монашки завети, и плус посебен духовен подвиг. Архиепископ Г.С. Деболски вели:" Според сфаќањето на Црквата, Големата схима е ништо помалку од врвен завет на крст и смр;, тоа е слика на комплетно изолирање од земјата, слика на трансформација и преобразба на животот, слика на смрт, и почеток на друго, повисоко постоење.

Како монашко достоинство, Големата Схима е позната уште од 4 век. Според  преданието, ова достоинство било востановено од Свети Пахомиј Велики.  Сепак како форма на Монашки живот, Големата Схима потекнува од раното  Христијанство. Оние кои го следеа Христовото учење на врвно духовно совршенство, со доброволен завет на целомудрие, послушание и нестекнување(сиромаштво), беа наречени аскети, за да се разликуваат од останатите Христијани. Тие воделе суров и осамен пустиножителски живот, како на Свети Јован Крстител или  како на нашиот Господ Исус Христос за време на четириесдневното искушување во пустината.

Според  правилото на Св. Пахомиј, самиот акт на прифаќање во манастир има три степени:

  Monah.V.shima.jpg

  • искушеништво(проба)
  • облекување во монашка облека
  • доверување на старец за духовно раководење.

 

Секој степен без сомнение има свое значење. Тие го означуваат почетокот на трите фази на монаштвото, кои се длабоко врежани во животот на Источната црква:

 

  • Прв степен – искушеник(расофор)
  • Втор степен - монах(познат како монах  со мала схима)
  • Трет степен - монах со Голема схима

  Monah.v.shima2.jpg

Црковните историчари, Созомен, Владиката Паладиос од Хеленополис и Јеромонахот Никифор тврдат дека Свети Пахомиј е првиот кој на монасите има дава постриг во Голема Схима.

Треба да се спомене дека не сите отци и аскети на Црквата го делат монаштвото во Голема и Мала Схима. На пример Св. Теодор Студиот не се согласувал со оваа поделба, сметајќи дека треба да има една форма на монаштво, исто како што е една Светата Тајна на Крштевање.

Сепак, обичајот на поделба на монаштвото на две станува широко распространето во праксата на Црквата. Малата схима станува подготвителен чекор кон Големата Схима. Замонашувањето е познато како ‘свршувачка’, а излоацијата во манастир како ‘венчавка-брак’. Според правилот(типикот), разликата помеѓУ Малата и Големата Схима почна да се одразува на одеждата. Тие од втората имаат извезени крстови на схимата, а првите немаат(7).

Оние кои примиле постриг на Голема Схима мора да се како ангели во тело, тие мораат да го постигнат  највисокиот степен на духовно совршенство возможен за човекот. Постојаното пребивање во Бога, животот во Него и молчењето е нивнот подвиг.

Аnalavos   на монасите со Големата Схима е знак на совршено монаштво, симбол не само на смиреномудрие и милост, туку и крст, страдање, Христовите рани и постојано умирање со Христос.

Аналавос(άνάλαβος) е карактеристичен дел од облеката на монахот или монахињата, постриг од највисок степен во православното монаштво, Голема Схима, и е украсен со инструментите на Христовото страдање. Неговото име доаѓа од грчкиот збор αναλαμβάνω(поднесе/понесе) кое го потсетува оној што го носи, дека мора да го ‘носи својот крст секој ден’(Лука 9:23).

Богато навезените крстови кои го покриваат аналавосот, полиставрионот(πολυσταύριον, од πολύς, “многу,” and σταυρός, “крст”)- име  кое често, иако помалку точно, се употребува за аналавосот- го потсетува монахот дека тој или таа се- распнати со Христа- (Галантјаните 2:20)

Во однос на секоја слика од аналавосот, петелот го претставува –петелот што запеа-(Матеј 26:74; Markо 14:68 Lukа 22:60; Jован 18:27) кога Свети Петар се ‘откажал трипати’ од неговиот Владика и Господ.

Столбот ја претставува колоната на која Пилат го заврза Христос ‘кога го измачуваше’ (Марко 15:15) и ‘од чии рани бевме исцелени’(Исаија 53:5; I Петар 2:24)

Венецот околу центарот на крстот ја преставува ‘круната  од трње’( Mатеј 27:29 Марко 15:17; Јован 19:2) која ‘војниците ја сплетоа’ (Joван 19:2) и ‘му ја ставија на глава’(Matеј 27:29)  на ‘Господ нашиот Цар’ (Psalm 73:13), Кој го ослободи човекот од трњата и коколот со потта од своето чело(Genesis 3:18-19).

Исправениот столб и напречната греда ги претставуваат потпората и столбот што го формираат ‘Крстот на Нашиот Господ Исус Христос’ (Галантјаните 6:14) oд кој ”постојано ги протега рацете свои кон народот непослушен и упорен”

Четирите боцки во центарот на крстот и чеканот под основата на крстот ги преставуваат ”клинците”(Јован 20:25) и чеканот со кој ”Го прободоа” (Псалм 21:16; Joван 19:37) ”Неговите раце и Неговите стапала’ (Лука 24:40). Кога тие ”Го издигнаа од земјата ” (Jован 12:32), Него Кој ”Го избриша ракописниот закон, што беше против нас, со приковување на Неговиот Крст”(Колосјани 2:14)

Основата на која стои крстот го претставува ”Местото наречено Черепница”( Лука 23:33) или Голгота, што значи , место на черепи (Maтеј 27:33), ”каде што го распнаа Него” (Jован 19:18), Кој е ‘ковачот на спасението во средината на земјата(Псалм 73:13).

Черепот и вкрстените коски го претставуваат “првиот човек Адам “(I Коринтјаните 15:45),кои по традиција“се враќаат во земја“ (Genesis 3:19) на точно ова место, причината за ова место на погубување “полно со мртовечки коски“ (Матеј 23:27) станува место каде “последниот Адам стана животороден Дух“(I Коринтјаните 15:45)

Плакетата на врвот на крстот ја претставува титулата, “натпис“  (Јован 19:19-20) со  “натпис за вината Негова “ (Марко 15:26), на кој  “Пилат напиша  “(Јован 19:19) “и му ја ставија над главата“(Матеј 27:37), сепак , наместо “Исус Назареецот, Цар Јудејски“ (Јован 19:19) што беше напишан над Него на грчко, латинско, и еврејско писмо’ (Лука 23:38), трите јазици се како соединување на трите ипостаси Отецот, Синот и Светиот Дух’ (Матеј 28:19), овој наслов гласи: ‘Цар на Славата’ (Псалм 23:7-10), ‘да знаеја, тие немаше да го распнат Царот  на Славата’ (1 Коринтјаните 02:08) 

Трската го претставува "исопот" (Јован 19:29) на кој беше ставен "сунѓер полн со оцет" (Марко 15:36), кој тогаш беше "ставен до неговите усни" (Јован 19:29), кога во Неговата ‘жед му дадоа да пие оцет ‘ (Псалм 68:21), Тој за Кого беше кажано дека "Сите се чудеа на милостивите зборови што излегуваа од неговата уста’ (Лука 4:22).

Копјето го претставува "копјето [што] ги прободе Неговите ребра", "и веднаш потече крв и вода" (Јован 19:34) од Оној Кој ‘презеде едно од ребрата на Адам, и го исцели телото наместо него" (Битие 02:21) и Кој "нè изми од нашите гревови во Својата крв" (Откровение 01:05).

Monah.v.shima1.jpg

   Плакетата на дното на крстот  ги претставува стапалата на Христа, "Неговите подножје" (Псалм 98:5) ", на местото каде што Неговите нозе стоеа" (Псалм 131:7). Таа е поставена на косо, бидејќи, според една традиција, во моментот кога "Исус извика со силен глас, и го предаде духот" (Марко 15:37), Тој дозволи силен смртен спазам да ги потресе Неговите нозе, изместувајки го подножјето на таков начин што едниот крај насочува нагоре, што покажува дека душата на покајниот крадец, Свети Дисмас, "оној од Неговата десната рака" (Марко 15:27) ќе "биде однесен во Рајот" (Лука 24:51), додека пак другиот крај, посочува надолу, што индицира на тоа дека душата на нестрпливиот крадец, Гестас, "другиот од неговата лева страна" (Марко 15:27), "ќе бидет фрлен во пеколот" (Лука 10:15), што покажува дека сите ние, "лошите и добрите, праведните и неправедните" (Матеј 05:45), "се мериме во рамнотежа" (Еклесијантите 21:25) на Крстот Христов.

Скалата и клештите под основата на Крстот ги претставуваат средствата за навредување од кои Свети Јосиф од Ариматеја,  ‘богат човек" (Матеј 27:57) што "молеше за телото на Исус" (Матеј 27:58, Лука 23:52), "го симна" (Лука 23:53), така да, со тело Тој се симна од крстот, и со душа,  "Он слезе пред тоа во најдолните места на Земјата" (Ефесјаните 4:09) "со кого Он слезе, им проповеда и на духовите, кои беа во темнина" (1 Петар 3:19).

Преку овие инструменти, "Крстот Христов" (1 Коринтјаните 01:17, Галатјаните 6:12; Филипјаните 3:18) стана "Дрвото на животот" (Битие 2:09; 3:22, 24; Изреки 03:18 , 11:30, 13:12, 15:04, Откровение 02:07, 22:2,14), со кое Господ Исус ги исполни Своите зборови дека ‘Јас сум воскресението и животот, кој верува во Мене, и да умре,  ќе живее, и секој што живее и верува во Мене нема да умре довека"(Јован 11:25-26).

Грчкото писмо во текстот за analavos се кратенки на фрази, кои го издигаат Крстот како "моќта на Бога" (1 Коринтјаните 01:18). Од врвот до дното:

• ΟΒΤΔ - Ό Βασιλεύς της Δόξης - “Цар на славата”

 • ΙC XC NIKΑ - Ιησούς Χριστός νικά - ”Исус Христос победува”

 • ΤΤΔΦ - Τετιμημένον τρόπαιον δαιμόνων φρίκη - "Пречесен путир, страв на демоните”

 • ΡΡΔΡ - Ρητορικοτέρα ρητόρων δακρύων ροή - "Тек на солзи потечен од оратори(јавни говорници) (или: Ρητορικοτέρα ρημάτων δακρύων ροή)

 • ΧΧΧΧ - Χριστός Χριστιανοίς Χαρίζει Χάριν - "Христос им даде Благодат на Христијаните”

 • ΞΓΘΗ - Ξύλου γεύσις θάνατον ηγαγεν - "Искушувањето на дрвото донесе смрт”

 • CΞΖΕ - Σταυρού Ξύλω ζωήν εύρομεν - "преку Дрвото Од Крстот ние најдовме живот"

 • ΕΕΕΕ - Ελένης εύρημα εύρηκεν Εδέμ - "Откритието на Елена го откри Рајот(Рајската градина)”

 • ΦΧΦΠ - Φως Χριστού φαίνοι πάσι - “Светлината на Христа сјае над сите”

 • ΘΘΘΘ - Θεού Θέα Θείον Θαύμα - " Визијата на Бога, Божествена чудо”

 • ΤCΔΦ - Τύπον Σταυρού δαίμονες φρίττουσιν - "Демоните се плашат од знакот на Крстот”

 • ΑΔΑΜ - Αδάμ - "Адам"

 • ΤΚΠΓ - Τόπος Κρανίου Παράδεισος γέγονε - "Местото на Черепот стана Рај”

 • ΞΖ - Ξύλον Ζωής - “Дрвото на животот”

  Monah.V.shima4.jpg

 Постојат и други изрази и кратенки кои можат да се појават на analavos, но овие се доволни за да покажат дека оваа света облека тивко го изјавува "проповедањето на крстот": (1 Коринтјаните 01:18), преку својата мистична симболика, изјавувајќи за својот носител, "Не дај Боже да имам слава, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот "(Галатјаните 6:14).

 

11-ти декември, лето Господово 2013