ДА НАПРАВИМЕ СЕ ШТО Е ВО НАШИ РАЦЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА АБОРТУСОТ !
 
Hristos.za.deca.jpg

Долу-приложената молитва од пред неколку години во големи размери се распространува на Американскиот Континент, благодарение на ревносниот православен свештеник – борец за зачувувањето на животите на неродените дечиња – отец Димитриј Карелас.

Доколку навистина не потресува грозоморното убивање на дечиња во мајчините утроби, да не бидеме пасивни и незаинтересирани, но да се потрудиме, колку што е до нас, да придонесеме за прекинување на ваквото пролевање на невина крв што отворено и озаконето се случува насекаде околу нас.

Се препорачува оваа молитва коленопреклоно да биде читана секој ден во шестиот час (12 часот на пладне), со вера и надеж дека соборната молитва на илјадници луѓе ќе допре до Бога и ќе придонесе да се спасат многу невини души.



 
Hristos.za.deca.jpg


МОЛИТВА КОН БОГА ЗА АБОРТИРАНИТЕ ДЕЧИЊА, ЗА СТОРИТЕЛИТЕ И СОУЧЕСНИЦИТЕ ВО АБОРТУСОТ И ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВАКВОТО
ДЕТЕ-УБИВАЊЕ



Господи Исусе Христе, Кој во шестиот час ја пролеа Твојата скапоцена Крв на Крстот за спасение на сите луѓе: прими ги душите на сите невини, неродени дечиња, кои биле, се, или ќе бидат убиени денес во болниците и клиниките за абортус во нашата земја. Бидејќи прераната смрт не им дозволи да ја примат благодатта на Светото Крштение, те молам да ја примиш нивната невина крв како нивно Крштение (онака како што Си направил со дамнешните Маченици), за да можат да делат вечност со Тебе.

На докторите, медицинските сестри, родителите и сите други соучесници во ова дете-убивање (инфантицид), подари им солзи на покајание, за да поитаат кон Тебе барајќи прошка и излекување, како би ја избегнале вечната смрт на нивните души. Верувам дека се е можно за Тебе, Господи! Затоа, те молам во овој ден, преку твојата Божествена благодат, убеди барем една мајка во секој град да се одврати од намерата да изврши абортус и да го зачува своето чедо; Те молам и да убедиш барем еден доктор во секој град да се покае за своите дела и никогаш повеќе да не убие дете во мајчината утроба.

Прими ги моите молитви, Господи, иако Ти се принесуваат од ваков грешен и недостоен слуга и придружи ја оваа молитва кон молитвите на сите други браќа и сестри кои кон Тебе повикуваат денес во име на Твоите малечки кои се сега создадени во утробите на нивните мајки. Избави не и нас и нашата земја, Господи, од ваквото пролевање на невина крв! Прости ни! Излекувај не! Спаси не! Амин. 


 

Hristos.za.deca.jpg

 

  Извор: црква,СвПетка, Чикаго. САД

Подготви: С.С.

7-ми февруари, лето Господово 2014