Pole.leto.jpg

ДЕТСКИТЕ ИГРИ ВО ТИ-ГРАДОТ


    Денес Пркос прв пат ќе се игра со децата од Ти-Градот. Многу деца се собраа.
Сите сакаат да играат со него. Стојат поделени во групи. Ведрана, за да ја надвика буката, повикува:
    -Слушнете ме, некој треба да биде водач, за да ги насочува групите! Кој сака да биде водач?
    -Јас, јас!-вика Пркос и ги дига високо рацете за да го видат сите.
    -Ти, ти!-извикуваат заедно децата и играта започнува. Прв пат во животот Пркос се игра со толку деца-големи и мали, со толку девојчиња и момчиња! Секако, понекогаш е незадоволен што помалите неможат баш сѐ да постигнат, па поради тоа заостануваат. Тогаш на помош им доскокнуваат постарите деца, така што на крајот дури уживаат во тие мали застои во играта. По завршувањето на играта, сите заседнаа на меката трева и бараат од Пркос да им раскаже нешто за својата татковина. Тој сосема кратко размислува. Се сеќава на децата во Јас-Градот, кои никогаш не се помируваат меѓусебно за да се играат заедно. Исто така се сеќава и на своите другари, кои секогаш го разочаруваат, како и на постарите деца, кои се дружат само  меѓусебно и никогаш не обрнуваат внимание на помладите. Ништо од сето тоа не сака да го раскаже на своите нови другари. Пожелува да им каже нешто што ќе остави впечаток на нив, нешто со што ќе се гордее. Така започнува да им раскажува за кралицата Горда. Со многу топлина раскажува за својата божица. Децата го слушаат без зборови. На крајот има ја опишува нејзината величествена палата, која два пати годишно  ја посетуваат сите жители на Јас-Градот.
    -Ах, ах-вика Цветана-како ја жалам таа јадница што живее опкружена со тој леден кристал! Самата помисла ме ужаснува.
-Мене ми е жал за сите жители на Јас-Градот, бидејќи својата кралица ја гледаат само два пати годишно!-говори едно високо момче.
    -Ако некој има некаков проблем, бара да биде примен на разговор-објаснува Пркос.
    Ведрана приметува дека нејзиниот пријател е навреден, па се замешува во разговорот.
    -Немој да им замериш на децата! Ние овде живееме потполно поинаку. Ја сакаме и ја почитуваме нашата кралица но, можеме да ја видиме кога ќе посакаме, скоро секој ден. Затоа што таа е и наша учителка.
    -Учителка? Невозможно! Можам да разберам дека кралицата е и божица но, учителка-тоа го слушам прв пат.
    -Утре имаме настава, па ќе дојдеш со нас да ја запознаеш и да се увериш.
    -Сакам да одиме сега, сакам да тргнеме веднаш!-станува и подвикнува Пркос.
    И Благороден станува и го гушка.
    -Другарче мое, денес толку убаво се игравме, сите сме весели поради тоа! Ајде сега да одиме дома, не очекуваат на вечера! Утре ќе појдеме сите заедно да ја запознаеш нашата кралица.
    Со малку убави зборови и многу љубов, Благороден успеа да гу убеди сите добро расположени да си тргнат дома.
Од книгата:“ Патување од Јас-Градот во Ти –Градот” од М. Вигипулу


Подготви: М.Б.

19-ти јуни, лето Господово 2014