Во водите на реката Свијага се изврши соборно крштение
182603.jpg

30 јули 2014 лето Господово

На 28 јули на денот на празникот на светиот рамноапостолен кнез Владимир и182603.jpg државниот празник на Крштението на Русија, митрополитот Симбирски и Новоспаски Теофан, во сослужение со многубројното духовништво за прпат во историјата на регионот изврши соборно крштение во центарот на Улјанов, во водите на реката Свјага, соопштува сајтот на Симбирската митрополија.

На предлогот на владиката Теофан, пренесен преку локалните средства за масовно информирање, во рок од половина месец одговорија повеќе од илјада луѓе. Меѓу тие што решија да примат Свето Крштение на овој голем празник имаше и деца и старци и мажи и жени. Жители на Симбирско – Улјановската област, а исто така и гости од Швајцарија, Чебоксар, Сургута, Иваново, обединети со една желба – да примат крштение во родниот град.

Во сите храмови на епархијата беше спроведена голема катихетска подготовка на оние што посакаа да станат православни христијани.
И покрај големото мнозинство на народ (во тој ден крштение примија околу илјада луѓе, само деца имаше неколку стотини!) – Светата Тајна се изврши во многу спокојна атмосфера. Најпрво Свето Крштение примија мажите – нив ги крсти владиката – и децата, а потоа жените.

„Требаше токму тука, во градот Симбирск“, ја објасни владиката својата одлука да спроведе соборно крштение, „луѓето да увидат дека тие имаат свои духовни корени, кои одат во историјата илјада години наназад, до времето кога големиот рамноапостолен кнез Владимир примил крштение заедно со народот. А пред повеќе од еден век, до извесна мерка, наместо ова, луѓето што произлегуваа од градот се стремеа целосно да ја прекинат духовната врска со историските корени на нашиот народ. Многу години по целата земја, а особено овде, сѐ се правеше за верата и црквата да бидат заборавени и занемарени. Но ништо не може да го уништи рускиот дух! А силно сведоштво за тоа е народот кој дојде денес овде на овој прекрасен ден на светиот кнез Владимир. Денешното крштение е одговор на прашањето: ’По кој пат оди Русија?‘ Русија оди по патот по којшто таа одела илјада и повеќе години и станала голема држава“.

Митрополит Теофан изрази увереност дека соборното крштение ќе ги поттикне жителите на градот да се вратат кон корените на моралноста, добрината, чистотата, љубовта, единството, заемното разбирање и соработка.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир