Rafael.karelin.jpg

ЗА ФАНАТИЗМОТ


Човековиот збор  е средство за општење и самоизразување.Но,во нашиот лексикон постојат зборови кои веќе не ја носат строго одредената смисловна тежина и повеќе ја затемнуваат отколку што ја осветлуваат суштината на работите.Некои од нив станале етикети и прекари,кои луѓето се обидуваат да им ги залепат на оние кои не се согласуваат со некое мислење или со нечија позиција.Еден од таквите зборови,чија смисла луѓето недоволно јасно ја сфаќаат,е токму модерниот збор денес“ФАНАТИЗАМ“.

Честопати човекој кој е цврст во своите убедувања го нарекуваат фанатик,само затоа што има цврста позиција на погледот на светот,која не сака,и од морални причини не може да ја менува.Да се потсетиме на времињата кога фанатици биле нарекувани сите религиозни луѓе воопшто,кога човекој кој верува го нарекуваа мрачник и фанатик,а верата во Бога сакаа да ја претстават како последица на незнаење,фанатизам или лицемерство.И денес,во наше време зборот“фанатизам“повторно почнува да се употребува за во извесна смисла да се оцрни и дискредитира човек,кој има свои убедувања и не може да ги менува како ракавици или како што камелеонот ја менува бојата во зависност од околината.Затоа треба да разгледаме што е фанатиам,а што е принципиелност.


Јас фанатизмот го сфаќам како духовна гордост,ориентираност само на себе,не убеденост во вистината,туку само во исправност на сопственото религиозно мислење.Фанатизмот е недостаток,па дури и отсуство на љубов кон другите луѓе,фанатизмот е убедување како одредена поза,со отсуство на желба да се сфати другиот човек;фанатизмот е непробоен оклоп,низ кој човекот не е сопособен да гледа било што друго;фанатизмот е лажна вера.Кредо на фанатиците,припадници на таквата лажна вера е:Моето мислење е единствено и секогаш правилно!


Што се однесува до убеденоста и принципиелноста,тоа е нешто сосема друго.Човекот,кој има своиверски убедувања,кој може да ги објасни и да ги одбрани;кој е во состојба да одговори на прашањето зошто токму тие станале вистина и живот за него,е принципиелен,но не е фанатик.Тој умее да укаже на суштината,на основата на своите убедувања.Да не се менуваат своите убедувања,да не се двоумиш околу нив,да не се менува вистината за корист,односно прагматизам-тоа воопшто не значи дека си фанатик.Лично сметам дека во својата понатамошна перспектива поимите“вистина“и “корист“се спојуваат.Вистината не носи во себе внатрешна противречност,и оној кој ја исповедува никогаш нема да се засрами,оној кој се надева во неа,никогаш нема да згреши,нема да се излаже.А човекоткој ја менува вистината за миг на корист,никогаш нема да достигне возвишени цели и резултати.Моменталната корист,која се остварува заради отстапување од сопствените убедувања,по некое време може да се претвори во трагедија.оваа ефемерна корист ќе биде минирана и разрушена со потенцијалот на лагите и противречностите што се наоѓаат во неа,бидејки секоја лага има центрипетална насока.Секоја лага во себе содржи елементи на распадливост.

А вистината е целосна и нераспадлива.

Луѓето кои одвнатре се рамнодушни кон верата и само минимално му припаѓаат на христијанството,во непоколебливата приврзаност кон Светото  Православие гледаат исклучително фанатизам и недостаток на желба да се погледне наоколу и да се види дека постојат многу други религии.Тие немаат претстава дека Православието не може да се избере како една од вистините,дури ниту како најголема од многуте вистини,туку како единствена и универзална вистина.Погледот на Православието како универзална вистина и како единствен пат кон спасение и реално Богоопштење,е неприфатлив за овие луѓе,коисе рамнодушни кон религијата.Тие во таквиот поглед гледаат негирање на целата историја на световната култура и на световната цивилизација.Меѓутоа,во таа смисла треба да се гледа како кон Православието се однесувале светите отци.


Сите отци на Црквата,сите Вселенски и помесни Собори секогаш учеле дека вистината е една,дека нема плурализам на вистина и релативизам во областа на моралот.Учењето на сите свети отци кои ги почитува Православната Црква,сите соборни одредби кои се прифатени како “устав“ на Православната Црква се засновани на принцип на исклучителна вистинитост на Православието.Ниту во една соборна одредба нема да најдете ни наговестување дека постојат неколку вистини и дека освен православието има уште неколку спасоносни религии.Затоа,ако приврзаноста кон Православието и убедувањето дека само во него се остварува вистинско спасение,го сфаќаме како позиција на фанатици,тогаш тоа значи дека и одредбите на сите Вселенски и помесни Собори,исто така треба да ги сметаме за плодови на фанатизам,бидејки сите тие зборуваат за една вистина.


Во одредбите на Вселенските и Помесните Собори се чувствува посебна грижа за чистотата на верата,за чистотата на Православието;очигледна е необичната чувствителност на светите отци на секое отстапување од древното Црковно предание,поради опасноста од ваквото отстапување,која може да се содржи во било која неточна или непрецизна формулација.Знаеме како на Вселенските Собори грижливо се изучувале сите материјали врз основа на кои се формулирани соборните правила,посебно догматските одредби и канони.Понекогаш до несогласување меѓу учесниците на Соборите доаѓало и само заради еден збор,кој можел да внесе двосмисленост в одредбата.Ако сметаме дека,сигурноста во тоа дека спасението само во Православието е фанатизам,тогаш одредбите на Вселенските Собори мораме да ги сметаме за дела на луѓе,кои не се доволно просветени и во кои нема христијанска љубов;тогаш воопшто не треба да сметаме дека за нас се задолжителни овие исклучително важни соборни одредби,Но,што ќе остане  тогаш од нашето Православие?Црквата не знае за никакво “либерално“Православие.Црквата знае само за едно Православие-она што до нас го донесува словото и духот на црковното предание,кое доаѓа од апостолите.Либерално Православие НЕ ПОСТОИ!

Како ниту теозовско Православие.

Религиозната“уравниловка“според која ќе се спасат сите без разлика на тоа во што веруваат,само нека веруваат,е лажна и неприфатлива.

Православието претставува единственост,уникатност и вечност на вистината.Дозволување на постоење на многу вистини,означува неверување ниту во една од нив.

Ако на убеденоста ѝ пристапуваме како на фанатизам,а рамнодушноста во убедувањата како искажување на христијанска љубов,тогаш каде ќе вброиме светите отци,како што е Кипријан Картагински,кој рекол:“КОМУ ЦРКВАТА НЕ МУ Е МАЈКА,НИТУ БОГ НЕ МУ Е ТАТКО“-во луѓе преку кои зборува Светиот Дух или во тврдоглави и злобни фанатици?Каде ќе го вброиме тогаш свети Николај Мирликиски,кој покажал толкава пламеност за време на спорот со аријанците?Во оние кои имале љубов кон Исуса Христа како љубовта на апостолите или пак во фанатиците,кои се неспособни да сфатат и да прифатат туѓо мислење?Не можеме да наведеме ниту еден светител,ниту еден учител и отец на Црквата,кој зборувал за плурализам на вистини.Ако пак,овие богоносни луѓе ги наречеме  фанатици,што тогаш би означувал зборот“фанатизам“?

Конзерватизмот не е фанатизам.Зборот“конзерватизам“ нема само негативно значење,како што во светот многу често се смета.Конзерватизам значи“чување“.Православната Црква,за разлика од римокатоличката,не е Црква која“еволуира“.

Светото Православие тврди дека еволуција во областа на догмите(вистината на верата)не постои,дека светите отци и Вселенските Собори откривале догми,кои веќе се наоѓале во првобитното откровение.Тие не внеле ништо квалитативно ново,туку само го пронашле,откриле и дефинирале сето она што веќе постоело.Теоријата на еволуцијата во својата основа го има принципот на развој од поедноставно кон посложено,од примитивно и ниско кон повисоко.Принципот на еволуција во догматската сфера секогаш дава можност да се претпостави дека во иднина можат да се појават некои нови учења,догми и откровенија.

Што се однесува до Православната Црква,таа учи дека не одевме од сиромаштво,туку од богатство.И целото богатство ни го дал ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС во Своето Откровение.Сето ова првобитно богатство било вткаено во учењето на првобитната црква.Светите отци и Вселенските Собори направиле навистина гигантска,колосална работа.Но,каква?

Тие го формулирале она што се наоѓало во Светото Предание и во Светото Писмо,ги овоплотиле догматските одредби во беспрекорна словесна форма,не внесувајки во нив ништо ново.Овие идеални формулации имале огромно значење,токму тогаш кога на Црквата ѝ се заканувала опасност од неправилно сфаќање на овие или оние православно-црковни вистини.и затоа многу чест непосреден повод за нивно создавање било искривеното сфаќање на Светото Предание и Светото Писмо од страна на еретиците.

Во христијанското вероучение не смеат да се внесуваат никакви нови елементи,бидејки Господ веќе ни ја даде целата вистина.Господ ни дал,сликовиот да се изразам,некоја згустена енергија на почетокот од Своето благовестување,и со оваа енергија Црквата се храни во текот на целата своја историја.Ние не знаеме повеќе отколку во време на апостолите.Црквата секогаш е иста.Во Црквата нема додатоци;во Црквата постои едно и единствено-откровение:откровение на симболи,откровение на изобразби.

Богословието е приказна за вечните догмати на Црквата на јазик кој му е сфатлив на современиот човек.Но,богословието не може да дојде до никакви нови откритија,како да речеме физиката и хемијата.

Дури и кога зборуваме за “религиозната проблематика“,ниту овде нема еволуција.Во црквата всушност нема и не може да има никаква религиозна проблематика.Можат да настанат само одредени тешкотии за време на барањето на вербални формулации во текот на повторното откривање или продлабочување на веќе познатите црковни вистини.

Црковните вистини се откривање на учењето на Црквата,кое секогаш постоело.

На пример,во 14 век се водени таканаречени паламитски спорови,се зборувало дека Црквата наводно прифатила“нова“ догма за Божественото Битие и за Божествените енергии.Но,ако се обратиме на патристиката,ќе видиме дека“паламисти“ пред свети Григорие палама биле преподобен Макарие Велики,Симеон Нов Богослов,преподобен Григорие Синаит и др,дека ова учење отсекогаш постоело кај отците на Источната Црква.

Уште свети Василие Велики учел за Божествените енергии и за Божествената Суштина.Во неговата книга“Против Евномие“наоѓаме учење за Божествената природа и за Божествените имиња.Свети Григорие Палама го формулирал православното учење,кое било потврдено на двата Константинополски Собори.Но,тоа не бил нов чекор или нова скала во развојот на христијанската догматика.Тоа всушност било точно богословско формулирање на веќе постоечката и позната црковна вистина.

Ставот според кој не може да се спои она што не е споиво,бидејки Православието ја поседува полнотата на вистината и нема потреба од додатоци на вистината однадвор,не може да се смета за покажување на ЛИЧЕН ФАНАТИЗАМ.

Овој став се потврдува со историјата на Црквата,со примерите на светите отци и со правилата на Вселенските и Помесни Собори,кои Црквата не ги укинала и не може да ги укине,бидејки ќе биде укинато самото Свето Православие.Друго прашање е дали вистината,во извесна мера се зачувала во инославието,и кој е степенот на извртување на вистината во овие или оние конфесии.

Апостол Павле вели дека не сме ние тие,кои треба да им судиме на оние кои се надвор(1.кор.5,12-13).

и затоа ми се чини,дека за нас е главно да сфатиме:спасението е исклучиво во Православната Црква.

Инославието и иноверието енадвор од Црквата,а на оние кои се надвор од Црквата не им судиме ние туку Бог.



КАКО ДА ЖИВЕЕМЕ ВО ХРИСТА


Архимандрит Рафаил Карелин