post

(Обновено)

 02/02/2015   Поуки - совети

Периодот пред Пасха ( Воскресение Христово, Велигден ) се нарекува св. Четириесетница или период на Триодот. Се состои од три дела – три подготвителни седмици, шест седмици на Великиот пост и Страсната седмица. Богослужбените текстови за тој период се наоѓаат во книгата Посен триод.

Подготвителни седмици

Имаме три подготвителни седмици, но опфаќа четири неделни дена, определни врз евангелските четива како Недела на митарот и фарисејот, Недела на блудниот син, Недела месопусна и Недела сиропусна. Целта им е со химнографијата да ги подготват христијаните за претстојниот пост. Саботата пред Неделата месопусна е задушница, т.е. во неа се извршува општа заупокоена молитва за упокоените.

Неделата сиропусна е наречена недела на сеопштото простување, во тој ден христијаните взаемно си простуваат, за со чисто срце да ги започнат деновите на пост.



ЛИТУРГИКА, Архимандрит Авксентий


превел: богослов Дамјан Трпкоски

 

Извор: Преспанско-пелагониска епархија

 3.angeli.so.truba

 п.п.