После кусо искачување стигнуваат до крајот на кланецот. Одовде погледот е прекрасен. На децата и м се брза да слегнат но, Смирена не се согласува со тоа. Им предлага малку да се одморат.


    
    -Тука брзањето е непотребно. Вдишете длабоко и уживајте во оваа убавина!    Теснецот под нивните нозе многу ги привлекува. Неговите страни заканувачки се издигнуваат. На некои места штрчат голи гранитни стени, а некаде се покриени со дрвја. Почнуваат да се спуштаат низ кланецот. На почетокот е лесно затоа што се движат по природна патека. Наидуваат на ретки видови цвеќиња, кои ѕиркаат помеѓу камењата или како ползавци се спуштаат низ стените обојуваќи ги со разни бои. Што пониско се симнуваат, патот станува поопасен бидеќи е посипан со многу остри и шилести камења. Пределот постојано се  менува. Додека во еден миг газат по суво речно корито, следниот момент се појавува река. Нејзината освежувачка вода брзајќи тече, создавајчи час езерца, час мали водопади. За да прејдат од една на друга страна на реката, скокаат  од камен на камен, оставајќи ја реката зад себе како жубори. Кој нема да ја одржи рамнотежата часкум се наоѓа во водата. Децата уживаат. Нивната смеа се спојува со црцорењето на птиците кои излетуваат од околните  густи жбунови.

 

    Наскоро стигаат до извориштето. Малите езерца и дебелата ладовина на високите дрва ги мами да се одморат. Смирена им дели по мал оброк. Сите се сложуваат дека е повкусен од кралска трпеза.
    Пркос чувстува потреба малку да биде сам. Оди до брегот. Го наслушнува оддекот на своите чекори по камењата и сувите лисја. Овде водата е толку мирна,  ти се чини дека стои. Седнува и почнува да фрла камчиња во водата. Ги посматра круговите кои притоа се создаваат, а потоа полека изчезнуваат. Опкружен со оваа убавина, би требало да е среќен но, тој чувствува тага во душата. По кусо време слуша нечии чекори. Доаѓа Смирена. Седнува до него без зборови и почнува да фрла камчиња во водата.   

 -Зошто не призна дека се познаваме?
    -Да го кажев тоа, зарем нешто ќе постигнев?
    -Во секој случај јас ќе се налутев. Но, сега се чувствувам уште полошо.
    -Во прашање е твојата совест. Таа те надгледува, од неа никако не можеш да побегнеш. Бог неа нам ни ја подарил за да знаеме кога правиме нешто добро, а кога нешто лошо.
    -Изговорив многу лаги.
    -Добро е да ги избегнуваме. Лагата ни помага само накусо но, ништо не останува скриено. Кога вистината ќе се открие паѓаме во жалост и немир. Но, да речеме дека и тоа е една лекција. Ја знаеш онаа пословицата: ˶на грешките се учи˶. На крај од сето тоа ќе произлезе нешто добро.
    -Што би можело тоа да биде?
    -Прво, ќе престанеш да лажеш; второ, ќе научиш да го наслушнуваш ѕвончето кое се нарекува совест. Тоа ќе те опоменува.
    Пркос се смее.
    -Замисли, сите овие години во себе носам ѕвонче, а никогаш не сум го чул!
    -Така било зошто не си го наслушнувал своето срце. Од денес ќе со слушаш.
    Го фаќа за рака и го повлекува да стане.
    -Ајде да видиме дали можеме да трчаме по овие камења!
Времето пријатно тече. Бидејќи се приближува пладне, треба веќе да тргнат назад. За Пркос искачувањето е малку потешко. Останатите деца, навикнати на таа патека, напредуваат пеејќи и џагорејќи. Стигнувајќи на врвот од каде што тргнаа, ù се жалат на учителката дека не виделе дивокози.    -Толку пати сум ви кажала дека кога се спуштаме низ кланецот и кога се искачуваме низ него нетреба да зборувате и да создавате бука! Прво, затоа што тоа ви го отежнува дишењето, а второ, не ги слушате звуковите на кланецот. Како да го чуете шумолењето на дрвјата, појот на птиците, жуборот на реката, од сопствените гласови? Дури и дивокозите се исплашиле и побегнале.
    Сите се согласија дека следниот пат ќе бидат повнимателни.
    Смирена во неверица клима со главата.
    -Ќе видиме, ќе видиме! Многу пати сте го рекле тоа но, на крајот заборавате.


Извор: „Из Ја Града у Ти Град” (издание на Беседа-Нови Сад 2007 година)    

 

Подготви: Маја Белева